18 Декември, 2025
0.2053

Кој ќе ги плати банкарските услуги за повратот на ДДВ?

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019 06:59

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи (УЈП) не инсталирала нов информатички систем, туку за повратот на 15 отсто од ДДВ кој треба да почне од први јули, само го надградила постојниот систем. Од УЈП за Фактор велат дека надграден е со систем за евиденција на фискалните сметки поднесени од граѓаните, но исто така биле прилагодени и постојните системи за авторизација на корисниците на информатичкиот систем на УЈП.

Фактор праша колку чини прилагодувањето на хардверот или софтеворот, а од УЈП велат дека била искористена постојната хардверска инфраструктура. Сепак одговараат дека во првата година овој проект за одредени сегменти ќе ја чини државата над 76 илјади евра.

„Целокупната услуга во смисла на проектирање и инсталација на новиот систем, изработката на корисничките апликации за iОS, Android, WindowsiLinux, изработката на веб апликација како и едногодишното одржување чини 4,7милиони денари, одговорија од УЈП.

За да им ги врати парите од повратот по основ на собрана сума од фискалните, државата треба да плати и банкарски услуги. Парите ќе легнуваат на сметките на граѓаните, но од УЈП велат дека тој трошок е незначителен. За точна сума упатуваат на одговори од Министерството за финансии.

„Во врска со трошокот по основ на банкарски услуги за префрлање на сметки на регистрираните физички лица за враќање на 15 проценти од ДДВ, ве информираме дека, наведениот трошок беше земен предвид при реализација на овој проект. Во тој контекст ве информираме дека станува збор за незначителен износ, а за прецизната сума може да се обратите до Министерство за финансии, од каде ќе се врши фактичката исплата на 15 отсто од ДДВ коешто ќе се враќа на граѓаните, велат оттаму.

Преку апликацијата која веќе е креирана ќе се прифаќаатфискални сметкисметки издадени од 1. јули 2019година.

Според најавите и предлог законот за враќање на 15 отсто од ДДВ, можност за поврат на дел од овој данок ќе имаат сите граѓани кои имаат наполнети 15 години. Сите ќе треба редовно да ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа да ги скенираат преку мобилен телефон.

Владата очекува на ваков начин кон граѓаните да се вратат 50 милиони евра.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?