Кој ќе добие над 50 милиони евра од ЕСМ?
Објавено во: Економија 17 Август, 2022 07:30
АД ЕСМ ќе купува 950.000 тони јаглен до 31 август 2023, по објавените два огласи за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ако просечната цена е 60 евра по тон, тоа би значело дека може да се очекува да се платат околу 57 милиони евра во наредните година дена за лигнит од странство.
За РЕК Битола ќе се купуваат вкупно 600.000 тони. Најмалата понуда може да изнесува 200.000 тони, а операторот ќе мора месечно да доставува по 50.000 тони. За РЕК осломеј ќе се купувааат 350.000 тони, а најмалата понуда мора да биде 100.000 тони. Во двата случаи основен критериум во отворениот систем на набавки ќе биде понудената цена.
Претходниот тендер на АД ЕСМ кој заврши во јуни за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола, во енергетската криза, склучи три договори за испорака на рекордни 550.000 тони јаглен за сума од 1,936 милијарди денари, или приближно 32 милиони евра.
РЕК Битола со затворањето на двата претходни повици на 12 април и 30 мај доби 400.000 тони јаглен од компанијата Хај Тауерс од Албанија, а договорот е постигнат во мај Потеклото на јагленот е од Албанија, а цената е 449 денари за гигаџул. Договорот со Хај Тауерс изнесува 22,2 милиони евра без ДДВ.
Втората и третата компанија се од Скопје - Куантум Солушнс и Енергија Икс, кои треба да набават 100 тони јаглен од Грција, односно 50.000 тони од Албанија, по постигнатите договори во јуни. Куантум Солушнс ќе наплати 6,3 милиони евра по цена од 457 денари од гигаџул, додека договорот со Енергија Икс изнесува околу 3,25 милиони евра и цена од 455 денари по гигаџул.
Во меѓувреме беше обелоденето дека релативно анонимните микро-компании Куантум Солушнс и Енергија Икс како еден од своите сопственици имаат лице со исто име и презиме. Бизнисменот од Мала Речица, Аљибер Ибраими, станал сопственик на едната од нив на денот кога беа објавени огласите изминатата недела. Останува да се види како ќе го затвори новиот тендер ЕСМ и дали ќе бидат одбрани истите оператори повторно.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




