09 Октомври, 2024
0.2167

Кој ќе биде новиот водач на „Хезболах“, најбаран терорист на светот и нова главна подвижна мета на израелската војска?

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Теолог и верски фанатик од високопозиционирана фамилија во теолошкиот, економскиот и политичкиивот во Либан. Хасем Сафадин е еден од клучните раководители во воената организација на „Хезболах“ во изминативе 30 години. Неговиот брат го претставува „Хезболах“ во Иран, а негова снаа за син е ќерката на митскиот ирански генерал Сулејмани – убиен од американската војска во 2020 година. Ова се само неколку од атрибутите на Сафадин, во кого многумина го гледаат новиот лидер на „Хезболах“ и десната рака на убиениот прв светски терорист Хасан Насралах 

Иако уште не поминала тродневниот период на жалост по загинатиот лидер на либанската милитаристичко-политичка организација „Хезболах“ оваа организација чиј смртен непријател е израелската војска веќе избира нов лидер.

Најсериозен кандидат за лидер на светската терористичка листа е Хасем Сафадин (Hasem Safi ad-Din) кој е еден од клучните раководни луѓе на „Хезболах“ повеќе од 20 години. Досега, до неговото именување за водач на организацијата, беше претседател на извршниот совет на „Хезболах“. За да бидат работите појасни сега бившиот лидер Насралах беше генерален секретар на организацијата од која зависи се што се случува во Либан на воено-безбедносен, политички, економски и социјален план.

Сепак „Хезболах“ преку соопштение деманираше објава на саудиската телевизиска станица „Ал – Хадат“ која уште во неделата доцна во ноќта пренесе дека Сафадин е новиот лидер на „Хезболах“. Повеќе детали на овој линк Hezbollah rejects media reports on Nasrallah’s successor

Кој е Хасем Сафадин?

Станува збор на Либанец, роден 1964 година кој потекнува од угледна либанско семејство на религиозни муслимани – шиити. Неговото семејство дали неколку професори – теолози, а негови роднини активно учествуваат во политичкиот живот на Либан како пратеници во нивниот парламент. Неговиот брат Абдула е врвен претставник на “Хезболах“ во Иран, а неговиот син Реџа е сопруг на иранскиот митски генерал Касим Сулејмани, кого американските воени сили го убија во специјално планиран напад во 2020 година. Сулејмани беше заштитно лице на таканаречената „Осовина на отпорот“ фронт основан од Иран, Сирија, Либан, Јемен и Палестина кој се бори против постоењето на израелска држава на Блискиот Исток и заради тоа нивните претставници се високо на листите на терористи на западните земји предводени од САД.

Сафадин бил веројатно најбискиот соработник, а воедно и роднина на досегашниот лидер на „Хезболах“ Хасан Насралах кој пред три дена настрада во масовното бомбардирање на квартот Дахрја во Бејрут главниот град на Либан. Овој кварт важи за главно седиште на „Хезболах“ која е лидер на листата на САД за терористички организации.

Сафадин освен што бил најблизок соработник на Насралах, е верски лидер и теолог исто како и поранешниот лидер на „Хезболах“. Заедно и студирале теологија во двата најпознати шиитски верски центри: во ирачкиот град Најаафа и иранскиот верски центар Куом. И двацата пристапиле на „Хезболах“ од најраните денови по основањето на организацијата во раните осумдесети години на минатиот век.

Насралах беше прв човек на „Хезболах“ од 1992 година до сега. Воедно беше најбараниот терорист од Израел и САД. И Сафедин „ужива“ ист статус како и Насралах. Тој е високо на листата терористи, а САД и Саудиска Арабија го замрзнале неговиот имот секаде каде што можеле и имале директна јурисдикција или влијание.

За потсетување Насралах, врховен водач на „Хезболах“ е убиен во масовно гранатирање на јужното предградие на главниот град Либан, Бејрут со 80 тони бомби од американско производство кои во период од неколку минути се исфрлени од израелски авиони – бомбардери. Материјалната штета во јужното предградие е огромна и уште нема детални проценки, но се знае дека е уништена цивилна инфраструктура и станбени згради во кои живеат цивили.

Воена состојба со ексалации од различен дијапазон меѓу Израел и „Хезболах“ трае дваесетина години. Најновата ескалација меѓу двете завојувани страни трае веќе една година, поточно започна по масакарот на „Хамас“ врз цивили и војска во Израел на 7 октомври лани. По тоа Израел возврати воено несразмерно и за една година речиси ја урна целата цивилна инфраструктура во појасот Газа, со својата авијација и со артилериските сили и тенковските единици. Има над 41.000 жртви – палестински цивили.

По започнувањето на воената кампања во Газа, „Хезблах“ започна со ракетирање на цели во северен Израел што резултираше со времено раселување на околу 100.000 жители на северен Израел. Нивниот преимер Бенјамин Неатанјаху најави дека израелската војска ќе направи се што може да го неутрализира „Хезболах“ и освен со авијација и артилерија му зададе тежок удар со синхронизираните експлозии првин со пејџери, а потоа и ос воки-токи средства на комуникација.

Сега веќе се сигурно дека ескалацијата нема да се намали туку ќе се заостри и дека е веќе изгледна нова копнена офанзива на Израел во Либан.

Р.Ф.

foto reuters

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист