14 Декември, 2025
0.0597

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВ ДИРЕКТОР НА ГЕОЛОШКИОТ ЗАВОД - Владата распишала оглас кој ќе трае само три дена, зошто се брза

Објавено во: Македонија 23 Август, 2022 07:22

Добивај вести на Viber

На Владата и се брза да избере директор на Геолошкиот завод. Распишала оглас за именување на прв човек на таа државна институција, на кој потенцира дека огласот ќе трае само три дена и ќе заврши утре, односно на 24 август оваа година.

Не е јасно зошто е потребно ова брзање, особено ако се има предвид дека огласите на кои се избираа директори на други државни институции траеја по 15 дена. Огласот е објавен на веб страницата на Владата, како и во еден дневен весник.

Владата во огласот навела дека лицата што ќе конкурираат за оваа позиција, треба да исполнуваат неколку услови, а тие се да се државјани на земјава, да немаат со правосилна судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да имаат најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на геологијата, да имаат минимум пет години работно искуство, како и да поседуваат еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години.

Како дополнителни критериуми се кандидатот да го опише кариерниот развој, мотивацијата, дали ги познава законите кои се однесуваат на институцијата со која ќе раководи, кои се неговите размислувања, кои ризици ги очекува, како да биде успешен и слично.

Во огласот се вели и дека коефициентот за пресметување на платата е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата, како и дека рокот за пријавување е три дена.

Инаку, на веб страната на Геолошкиот завод стои дека директор на Геолошкиот завод е Баара Науаф, кој живее во Тетово, а роден бил во Јордан во 1964 година.

Од пребарувањето по интернет може да се најде дека Баара Науаф бил избран за вд директор на Заводот во август далечната 2017 година, што значи дека оттогаш наваму се поминати пет години.

Дали сегашниот директор ќе се пријави или ќе има нови кандидати, ќе се знае за неколку дена. Кога ги бира директорите на оглас, Владата прави избор од лицата кои се пријавиле, и потоа писмено ги известува избраните кандидати.

Инаку, Геолошкиот завод е стручна и самостојна организација, која врши стручни, истражувачки и други работи од областа на основните геолошки истражувања кои се од јавен интерес, а кои се однесуваат на изработката на основните геолошки, хидрогеолошки, инжинерско геолошки, геохемиски и сеизмотектонски карти, и други геолошки карти, потоа, ги подготвува геолошките подлоги за просторно планирање, градежништво, водоснабување, земјоделство, шумарство, урбанизација и изградба на инфраструктурни објекти и слично.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина