03 Април, 2020
0.0606

Кој хотелиер има профит од 1,7 милиони евра?

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2020

Конкуренцијата во дејноста и намалените приходи се компензираат со маестрални финансиски вложувања. Хотелиерскиот гигант и во услови на остра и веројатно нелојална конкуренција успева да држи ниво и да остварува солидни профити за своите акционери и тоа во значајна мерка благодарејќи на менаџирањето со своите 22 милиони евра финансиски средства

Најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ оствари добивка од 1,72 милиони евра од своето работење во 2019 година, покажуваат официјалните податоци кои ги објави денеска компанија која управува со најмногу хотели во Скопје.

Според официјалните податоци оперативната добивка на компанијата е околу 1 милион евра, а останатите над 700.000 евра се финансиски приходи остварени од вложувањата на средствата со кои управува и се во сопственост на„Македонијатурист“. И лани „Македонијатурист“ во остра конкуренција на пазарот успеа да го одржи нивото на профит и при тоа намалувањето на профитот од дејноста да го компензира со зголемени приходи од камати и дивиденди од своите вложувања.

Податоците покажуваат дека лани „Македонијатурист“ остварила приход од продажба во износ од 5,26 милиони евра. Тоа е за 4 отсто послаб резултат од 2018 година кога приходот од продажба бил поголем за 190.000 евра. При тоа оперативните расходи на компанијата пораснале за 3 отсто до износ од 4,23 милиони евра. Оперативната добивка лани изнесувала 1 милион евра што е за 23 отсто послав резултат од 2018 година.

Компензација на намалениот профит од дејноста менаџментот на компанијата успева да оствари со своите финансиски вложувања. Имено, „Македонијатурист“ лани остварила финансиски приходи од 769.000 евра и тоа е за феноменални 39 отсто повеќе од претходната 2018 година. При тоа финансиските расходи на компанијата се минорни и изнесуваат околу 6.000 евра. За особено истакнување е фактот што „Македонијатурист“ нема кредити и по тоа е една од ретките домашни компании. Напротив „Македонијатурист“ има сериозни вложувања во хартии од вредност и во краткорочни вложувања. Вложувањата во хартии од вредност на крајот на 2019 година изнесуваат 5,5 милиони евра, а краткорочните вложувања се на ниво од 16,4 милиони евра. Тие речиси 22 милиони евра вложувања во хартии од вредност и краткорочни вложувања се главниот генератор на финансиските приходи кои на компанија лани и донеле 769.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Нема минимална плата од 14.934 денари во наредните три месеци

Нема минимална плата од 14.934 денари во наредните три месеци

Јавните претпријатија започнаа со уплаќање на добивките кон буџетот

Јавните претпријатија започнаа со уплаќање на добивките кон буџетот

АЗЕСКИ НА ЖЕШКА ЛИНИЈА СО КОЛЕГИТЕ ОД РЕГИОНОТ - мора да се отворат транспортните коридори и да стигнат суровините

АЗЕСКИ НА ЖЕШКА ЛИНИЈА СО КОЛЕГИТЕ ОД РЕГИОНОТ - мора да се отворат транспортните коридори и да стигнат суровините

Пауновски: Во Битола запечатени повеќе од 40 кафемати

Пауновски: Во Битола запечатени повеќе од 40 кафемати

Заев објасни што е тоа „чекич и денс“

Заев објасни што е тоа „чекич и денс“

КАКО ЌЕ ПОМАГА ЕК: 100 милијарди евра за да не се отпуштат работниците

КАКО ЌЕ ПОМАГА ЕК: 100 милијарди евра за да не се отпуштат работниците

Седница на отворено: Град Скопје ќе се откаже од дел од најголемите приходи

Седница на отворено: Град Скопје ќе се откаже од дел од најголемите приходи

По колкава награда добија Чифлиганец, Етеми, Таки Фити..

По колкава награда добија Чифлиганец, Етеми, Таки Фити..

Три месеци се чека за нега од друго лице, Бајрактар вели од понеделник ќе биде се во ред

Три месеци се чека за нега од друго лице, Бајрактар вели од понеделник ќе биде се во ред