Кој го запали знамето на БиХ во Мостар?
Објавено во: Балкан 24 Февруари, 2017
Во градот Мостар во БиХ утрово е запалено знамето на Босна и Херцеговина, што се наоѓаше на зградата на централните институции, јави Танјуг.
Знамето е кренато вчера над зградата во која се сместени неколку институии и агенции на централната власт во БиХ.
Полицијата врши увид на местото на инцидентот. Се земаат снимки од видео камерите на блиските згради. Се очекува сторителите многу брзо да бидат најдени.