16 Декември, 2025
0.0764

Кој го доби најголемиот тендер за ископ од постоењето на РЕК Битола? За година и пол ќе земе до 46 милиони евра!

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2024 15:26

Добивај вести на Viber

Во три потези РЕК Битола, во период пократок од шест месеци, даде работа вредна 80 милиони евра на само една компанија. Газда е почесниот конзул на Белорусија во Македонија, инаку роден битолчанец. Пред да го добие рекордниот тендер сега за ископ ја јаглен, неговата фирма доби тендер од 25 милиони евра за да ја копа јаловината што го покрива јагленот. Во меѓувреме во декември 2023 година доби тендер вреден 9 милиони евра да ангажира 12 булдожери да копаат јаглен.

На трепет пред рокот за предизборно замрзнување на активности по тендери РЕК Битола и локалниот мастодонт за ископ „Марковски компани“ го склучија најголемиот тендер за искор на јаглен и јаловина во историјата на битолскиот комбинат.

РЕК Битола за година и половина (од февруари годинава до август догодина) подоготвена да плати 46 милиони евра со ДДВ за ископ на јаглен и јаловина услуга која треба да ја даде „Марковски компани“. Битолчаните на тендерот настапиле во група со уште три партнерски компании. Од нив две се струмичките фирми „Сим инженеринг“ и „Јавор-транс“ и охридската компанија „Топлина“.Трите се ангажирани за ископ, а ќе добијат до максимум 10 отсто од вредноста на тендерот што го доби „Марковски компани“.

Битолската компанија „Марковски компани“ ќе копа по цена од 2,11 евра за гигаџул (енергетска вредност на јаглен кој се користи за согорување при производство на струја).

На тендерот имало тројца понудувачи, но во конкуренција на „Гранит“ од Скопје и на битолски „Пелистер“ работата ја добила компанијата на битолчанецот Борче Марковски.

Интересен е начинот на кој ќе се мери испораката на „Марковски компани“. Според договорот квалитативен прием на јагленот ќе се врши секој ден со доставени мостри во лабораторијата на комбинатот. Во договорот пишува дека лабораторискиот наод ќе ја дефинира калоричната вредност на јагленот на дневно ниво. Повеќе детали за мега тендерот во РЕК Битола на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/5b8b2cd9-d941-4239-b3d0-5ab145dd7dd9

Интересно е тоа што на овој мега тендер му претходеше исто така голем тендер кој го доби „Марковски компани“. Тој тендер вредеше 25 милиони евра, договорот беше склучен пред шест месеци, а работата што требаше да се заврши е ископ на јаловина со која е покриен јагленот.

Сега истата компанија што ја открива јаловината го доби и тендерот за ископ на јаглен што го покривала таа јаловина. Повеќе детали на следниот линк https://faktor.mk/tender-na-dekadata-koj-kje-kopa-jalovina-vo-rek-bitola-za-25-milioni-evra

Еве детали за декемврискиот тендер што „Марковски компани“ го доби во РЕК Битола https://faktor.mk/chij-brojchanik-vrti-najjako-koj-bitolchanec-naplakja-2640-evra-na-chas-od-rek-bitola

И детали за „минатиот труд“ на „Марковски компани“ во РЕК Битола во последните две години: https://faktor.mk/koj-iskopa-dzek-pot-vo-rek-bitola-kje-naplati-97-milioni-evra-od-tenderi-vo-2-godini

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи