17 Декември, 2025
0.0554

Кој ги израдува акционерите со милион евра дивиденда ?!!!

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2022 08:15

Добивај вести на Viber

Од еден милион евра во бруто износ државата преку даноците за задршка и персоналец ќе задржу околу 100.000 евра, повеќе од 1.200 акционери домашни физички лица ќе поделат околу 70.000 евра, а „Пуцко Петрол“ за своите акции ќе добие околу 109.000 евра, а во Грција кај најголемиот акционер одат околу бруто 815.000 евра. ОКТА е компанија со висок рејтинг кај инвеститорската заедница затоа што трета година во низа дели дивиденда

Најголемата нафтена компанија во Македонија ОКТА ќе исплати еден милион евра дивиденда на своите акционери. Во бруто износ секоја обична акција носи 73 денари дивиденда, а нето износот по исплата на персоналец за физички лица и задршка кај правни лица изнесува 66 денари за акција. Државата преку даночни зафаќање на УЈП од оваа сума ќе наплати околу 100.000 евра. Одлуката акционерите на ОКТА ја донесоа на последното редовно акционерско собрание одржано вчера.

Во Македонија остануваат околу 180.000 евра во бруто износ од таа дивиденда што ОКТА ќе ја исплати почнувајќи од 27 јули годинава. Најголем домашен акционер во ОКТА е „Пуцко Петрол“ домашна компанија за трговија со нафтени деривати. „Пуцко Петрол“ поседува 10,9 отсто од акциите и ќе добие дивиденда во бруто износ од 109.000 евра.

Над 1.270 акционери домашните физички лица поседуваат речиси 7 отсто од акциите и тие меѓусебно ќе поделат околу 70.000 евра дивиденда во бруто износ од ОКТА.

Најголем акционер е грчката нафтена компанија Е.Л.П.Е.Т. Балканике Петролеум и таа поседува 81,5 отсто од акциите. Врз основа на нив ќе добие околу 815.000 евра бруто дивиденда.

Околу пет милиони евра од добивката на 2021 година нема да бидат поделени како добивка и остануваат акумулирана добивка на компанијата.

За истакнување е тоа што ОКТА лани имаше одличен резултат и годината ја заврши со приходи од 423 милиони евра што е за 162 милиони евра подобар резултат од претходната 2020 година која ќе ја паметите по бројните ограничувања и рестрикции предизвикани од корона кризата.

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години