КОЈ Е ТОЈ ТОЛКУ БОГАТ ОХРИЃАНЕЦ ШТО ОД НЕГО БИЛЕ ИЗНУДЕНИ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА - лихварка и лихвар заработија кривични пријави од МВР
Објавено во: Македонија 30 Април, 2025 14:00
СВР Охрид поднеле кривична пријава против М.Д.Д.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против Љ.Д.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
„Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари (731 илјади евра - н.з.), кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид. Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари (432 илјади евра - н.з)“, се вели во соопштението од МВР.
Излегува дека тие од лицето Б.Р. од Охрид изнудиле вкупно 1,16 милиони евра, при што логично се поставува прашањетпо кој е тој толку богат охриѓанец, што имал толку многу пари, па за да може некој да му изнуди 1,2 милиони евра, и зошто тој ги дал тие пари, односно која била причината за некој од него да изнуди толку висок износ.Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




