КОЈ Е СРЕЌНИКОТ: Во Бугарија ја слушна веста дека доби 3 милиони денари од „МојДДВ“
Објавено во: Економија 19 Март, 2020
Во Бугарија сум во моментов, на безбедно и не можам да поверувам. Ви благодарам многу.
Ова беа првите зборови на Дејан Петков, Виничанец, родум од Штип кој синоќа беше најсреќен од сите скенирачи на фискални сметки.
Токму кај него падна првата главна награда од наградната игра на „МојДДВ#МојаНаграда“ вредна 3 милиони денари.
Петков, како што кажа не знае каде ќе ги потроши 50 000 евра но сигурно е дека ќе ги вложи во позитивни работи.
Вториот среќен добитник кој ја користи апликацијата „Мој ДДВ“ ќе биде познат на 19 декември годинава.