26 Април, 2024
0.0312

Кој е помоќен – верските заедници или државата, гледаме низ пикот на заразата

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Кој е помоќен – државата или верските заедници? Кој треба да сноси одговорност: Религиските заедници секако би требале да сносат морална одговорност во секоја криза, како и секоја друга општествена институција. Нивните пастви или џемати не се изолирани од севкупните состојби и како такви не се изолирани ниту од последиците или разрешниците на кризните ситуации. Но од административен аспект, тие немаат директна формално-правна обврска кон начинот на кој се менаџира кризата, смета Арсим Зеколи во сторијата на „Парадокс“ како повод за утрешната емисија „Стадион“ на Канал 77.

Тој смета дека таквата подвоеност помеѓу моралната верска и административната религијска одговорност на верските заедници ја отсликува и световната поделба помеѓу формално-правната одговорност на државата и моралната одговорност на општеството. Во обата случаи, кога административната одговорност на религијата или државата е компромитирана, неминовно следува хаотично поведение проследено со демагогија.

-Разочарувањето на голем број искрени верници во компромитирачките поведенија на религиските заедници кое се случува со децении го има ослабено нивниот морален авторитет кај искрените верници, но затоа има дадено крилја на подемот на религијска демагогија и манипуланство. Но и оваа состојба со пандемијата кај нас прецизно укажува дека огромниот број верници сепак демонстрираат јасна верничка одговорност кон општеството, кон “ближниот свој”, кон семејството. Што не сум убеден дека може да се каже и за бирократските администрации на МПЦ и ИВЗ и парадерското религиство на оние следбеници кои кон нив повеќе се однесуваат како кон пагански иконокластични патријарх-реисни култови отколку кон морални авторитети на скромноста, пожртвуваноста и побожноста како што е одредено во светите книги, вели Зеколи.

Се чини, работите излегоа од контрола најнапред со струшката литија и масовното присуство на верниците, кои и покрај забраната за собирање повеќе од двајца. На ова ИВЗ одговори со отворање на џамиите. Фотографиите од масовните ифтарски вечери ги преплавија социјалните мрежи. Немаше реакција од институциите, но затоа почна пикот на короната. Скопје, а потоа и Тетово, а во поново време и Липково, остануваат на врвот по број на заболени. Само неколку дена претходно, разрешениот реис Сулејман Реџепи, ја прогласи короната за мртва. Разногласие има и во редовите на МПЦ. Најилустративен е коментарот на владиката Петар на официјалната изјава од неговиот колега и портпарол на МПЦ, владиката Тимотеј, кога кажа дека треба да се почитуваат владините мерки.

Глас на разумот од името на верата е човекот кој дојде на местото на Реџепи, кој пригласи победа над короната. В.Д реисот, Шакир Ефенди Фетаху упати апел до сите граѓани, да бидат внимателни, бидејќи станува збор за опасна болест.

-Нема игра со оваа облест, оваа е заразна болест, ова е тешка болест, ние треба да бидеме во служба на елиминирање на оваа тешка состојба. Нашата значи во исто време зачување на нашите деца, нашите семејства и нашето општество. Затоа ние дадовме апел, дека не е надмината оваа состојба и треба да бидеме уште посериозни, вели Ефенди Фетаху.

Испразнети градови, исправена крива на ковид 19, некои ќе речат споен прв и втор бран на епидемија. Во недела ќе повторат колоните, ама во обратен правец. Резултатот од поведението, настрана дилемата кој е посилен – верата или државата, ќе го видиме наскоро, низ бројките на новозаболените.


Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби