Кој е новиот в.д. директор на Фондот за ПИОМ?
Објавено во: Македонија 21 Март, 2023 19:41
На денешната 138-ма седница, Владата го именува Арсим Хасани за в.д. директор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), соопштија од „Илинденска“.
„Владата даде согласност на Одлуката од 17.03.2023 година на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, со којашто за вршител на должноста директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е именуван Арсим Хасани“, стои во владиното соопштение.
Хасани е кадар на Алијанса за Албанците, а неговото назначување на челната позиција во Фондот за ПИОМ е дел од договорот со кој оваа партија минатиот месец ѝ се приклучи на владејачката коалиција.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




