19 Декември, 2025
0.0551

Кој е најголем македонски производител? Лани продаде леб за 12 милиони евра!

Објавено во: Економија 09 Мај, 2022 07:35

Добивај вести на Viber

„Жито Лукс“ е најголемиот скопски, а воедно и македонски, производител на леб. Според официјалните податоци од продажбата на основниот прехранбен продукт лани инкасирале речиси 12 милиони евра! Што не очекува и ќе има ли лебна криза заради војната од Украина и зависноста од брашно од соседна Србија?

„Жито Лукс“ е доминантен производител и продавач на разни видови леб на домашниот пазар. Лани само од продажба на леб инкасирале 11,9 милиони евра и со тоа оваа голема компанија останува доминантен продавач на леб на домашниот пазар. И покрај тоа што лани во споредба со 2020 година продажбата на леб е намалена за 1,13 милиони евра.

Според официјалните достапни податоци од годишниот извештај на „Жито Лукс“ достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=59231 продажбата на „Жито Лукс“ лани изнесува 16,6 милиони евра. Во неа продажбата на брашно учествува со речиси 3 милиони евра. Продажбата на останати прехранбени продукти (пецива) учествува со помалку од 2 милиони евра.

Најновите финансиски податоци за работењето на „Жито Лукс“ може да ги прочитате во нашата анализа на следниот линк ЗАГУБА ОД НАД 500 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ - „Жито Лукс“ најавува раст на цените на производите, но редовно снабдување за граѓаните

Како ќе влијае војната во Украина врз снабдувањето со леб?

Целата домашна индустрија за производство на леб е целосно изложена на влијанијата на берзанските цени на пченицата и брашното. Македонија има многу мало производство на пченица и работата на пекарската и лебарската индустрија во огромна мерка зависи пред се од српското производство. Воедно лебарите велат дека и квалитетот на српската пченица е неспоредливо повисок од нашиот што производството го правi поевтино.

Со оглед на состојбата во Украина и војната која беснее подолго од два месеци се поизвесно е дека во уште поголема мерка нашата економија и општество ќе зависи од српскиот пазар на пченица и на брашно. Недостигот на украинска пченица на сегашната регионална побарувачка несомнено ги зголеми и ќе продолжи да ги зголемува цените на српската пченица и брашно. Особено затоа што постојано растат цените на нафтените деривати и на струјата од кои зависи производството на пченица и преработката во брашно и леб, а нема никакви изгледи за смирување на состојбата во Украина.

Дополнително отежнувачко за домашната лебарска индустрија е фактот што власта свесно им го отежна работењето со тоа што забрани трговска маржа за продажба на леб. Тоа ги демотивира трговците навреме на плаќаат за продадениот леб на производителите и тоа во услови кога цените на бензините, нафтата и струјата значајно се зголемија. А наплатата на лебарите стана уште понеизвесна.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба