25 Април, 2024
0.0297

Кој е најдобитен акционер? Од дивиденда наплати 1,15 милиони евра!

Објавено во: Економија 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Вложувањата во акции на „Комерцијална банка“ излегоа многу добра и исплатлива инвестиција. Особено за „Гранит“ кој благодарејќи на дивидендата од оваа акција е најдобитен акционер во конкуренција на компаниите чии акции котираат на берза и приходите од дивиденди ги книжат во извештаите за парични текови

Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ во првото полугодие годинава е и акционер што добил најголем износ на дивиденда, покажува анализата на „Фактор“ на финансиските извештаи од паричните токови на компаниите чии акции котираат на Македонската берза.

Во вториот квартал „Гранит“ од финансиски приходи наплатил вкупно 1,2 милиони евра од кои дури 1,15 милиони евра се од дивиденда. Според нашите информации приливот, во најголема мерка, е од дивидендата на акциите кои „Гранит“ ги има во „Комерцијална банка“. Таа дивиденда беше исплатена кон крајот на април годинава.

Билансот на успех на „Гранит“ покажува дека благодарејќи на финансиските приходи компанијата во првото полугодие го заврши со добивка од работењето. Приходите од продажба на „Гранит“ за овој период изнесуваат 28,7 милиони евра, а неговите оперативни расходи изнесуваат 30,3 милиони евра.

„Гранит“ купи акции во „Комерцијална банка“ пред повеќе од четири години во период кога својот стек го продаваше странски институционален инвеститор. Во тој период од тие акции во „Комерцијална банка“ купија и „Адора Инженеринг“ (сега најголем поединечен акционер), но и „Макпетрол“.

Паричните текови на финансиските извештаи на котираните акции, достапни на берзата, покажуваат две компании во првите два квартали отскокнуваат по дивидендните приноси од сите други котирани друштва. Освен „Гранит“ тоа е македонскиот гигант за трговија на мало со горива – скопски „Макпетрол“. Неговиот финансиски приход за шест месеци изнесува 1,79 милиони евра. Од тоа 961.000 евра се приходи од дивиденда во што значајно учество имаат акциите кои „Макпетрол“ ги има во „Комерцијална банка“. „Макпетрол“ смета и на уште еден значаен дивиденден прилив во овој период, а тоа се акциите на транспортната компанија ОИЛКО во која „Макпетрол“ поседува над 35 отсто од акциите со право на глас. Во финансиските приходи на компанијата за овој период каматите придонеле со 732.000 евра.

Како што веќе пишувавме во најдобитните акционери е и најголемата домашна хотелиерска компанија „Македонијатурист“. Според официјалните податоци од паричниот тек „Македонијатурист“ во вториот квартал од дивидени наплатила 561.000 евра. Податоците од билансот на состојба на компанијата покажуваат дека „Македонијатурист“ на крај на јуни во хартии од вредност вложила 14,5 милиони евра. Познато е дека оваа компанија има значаен стек акции во најголемата домашна според активата т.е. Комерцијална банка и дека токму од таа акција е најзначајниот дивиденден принос кој учествува во тие 561.000 евра. Воедно компанијата има вложувања и во удели на инвестициски фондови.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?