26 Април, 2024
0.0504

Кој е „мадафака“ за продажбата на струја на слободниот пазар?

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Бизнисот со продажба на струја по пазарни цени изнесува 112 милиони евра во 2017 година. Просечната пазарна цена е 49 евра за мегаватчас, а речиси половина од продажбата ја реализирал ЕДС, а четвртина ЕВН Снабдување

Учесниците на македонскиот слободен пазар за струја (мали и големи потрошувачи на пазар) платиле 112 милиони евра за 2.280 гигаватчасови електрична енергија, покажуваат официјалните податоци од извештајот за 2017 година на Регулаторната комисија за енергетика.

Најголем продавач на електрична енергија е компанијата ЕДС (Електрисити деливери солушнс) која успеала да продаде 1.120 гигават часови) што е безмалку половина од целата количина продадена електрична енергија во 2017 година. Согласно со просечната продажна цена за 2017 година која изнесува 49 евра за мегаватчас електрична енергија ЕДС успеал да оствари приход од 55 милиони евра во 2017 година и со тоа е убедливо најуспешниот продавач на слободниот пазар. ЕДС е компанија која лани премина во сопственост на грчкото национално електростопанство ППЦ, а еден од претходните сопственици на ова успешно ДОО беше и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Најголем конкурент на ЕДС во 2017 година била ЕВН Снабдување, фирма ќерка на ЕВН Македонија, во чиј состав работи и најголемиот оператор на електродистрибутивниот систем. ЕВН Снабдување во 2017 година успеал да инкасира околу 30 милиони евра од продажба на повеќе од 613 гигаватчасови електрична енергија. Значајно позади се другите компании снабдувачи и трговци со електрична енергија. Од нив најдобро рангиран е „ЕНГ Сервисис“ со реализирана продажба од 86,3 гигават часови за сума од 4,3 милиони евра. Негови најголеми конкуренти биле бугарската компанија ЕФГ „Енерџи фајненс груп“со реализација од 3,52 милиони евра за продадени 71,8 гигаватчасови, „Фјучр Енерџи“ со продадени 65,7 гигават часови и реализација од 3,22 милиони евра и ЕФТ Македонија со 3,18 милиони евра за 65 гигаватчасови струја.

Според официјалните податоци достапни од извештајот на РКЕ просечната цена за продаден мегаватчас на слободниот пазар била 49 евра и таа бележи раст од 10 отсто во однос на 2016 година. Просечната цена за големите потрошувачи во 2017 година (оние кои можат сами, без да изберат снабдувач, да купат струја) е 51 евро за мегаватчас и таа бележи раст од 15,5 отсто. Кај малите потрошувачи кои можат да изберат и да купат струја од еден од снабдувачите просечната цена во 2017 година за мегаватчас била 44,9 евра и само таа има макар и симболичен пад од 1 отсто во однос на 2016 година. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра