14 Декември, 2025
0.0541

КОЈ Е КОНТРОВЕРЗНИОТ ТАЈКУН ОД ЛОЖАТА НА НОВАК: Избегнува судење за напад на полицајка, а познат е и по друга афера

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2023 13:20

Добивај вести на Viber

Адвокатот Иван Ниниќ на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа како контроверзниот бизнисмен Бранко Миљковиќ седи во ложата на Австралија Опен, каде е семејството на тенисерот Новак Ѓоковиќ. Миљковиќ, кој е поврзан со бројни афери, подолго време избегнува судење за нападот на комунална милиција, а на денешното рочиште не се ни појави бидејќи, како што тврди, е во делегацијата на тенисерот Ѓоковиќ, пишува порталот Нова.рс.

Адвокатот Ниниќ, кој го застапува оштетениот во постапката, тврди дека Миљковиќ подолго време доставувал медицинска документација според која му било препорачано да молчи. Дека не е баш така говори и фактот што тој присуствуваше на натпреварот во Австралија во неделата, а од друга страна го избегнува судењето.

Денеска требаше да се одржи 26-то по ред судење, а рочиштата се закажани за сите денови оваа недела. Според судот, Миљковиќ тоа го знаел и навреме бил информиран. Сепак, тој повторно не се појави. И додека на претходните рочишта тврдеше дека мора да мирува и дека има проблеми со срцето, поради што се уште не е сослушан, денеска не се појави од други причини.


Неговиот адвокат приложи документација дека е во официјалната делегација на Новак Ѓоковиќ, а тој моментално е во Австралија. Беше наведено и дека тој треба да слета во Србија на 1 февруари.

Кривичниот совет поради сите околности во наредните денови треба да донесе одлука дали Миљковиќ ќе биде приведен.

А кој е Бранко Миљковиќ?

Бранко Миљковиќ е сопственик на градежните фирми „МБА Ратко Митровиќ“ и „М.Н. Градња“, а беше приведен во април 2020 година за напад на дежурни припадници на комуналната милиција. Инцидентот се случил на градилиште во Белград, каде што дошла комуналната милиција по пријава на граѓанин дека некој гори гума. Сопственикот на градежната компанија почнал да ги навредува полицајците, а потоа удрил двајца комунални работници, по што бил приведен во полиција.

Нападнатиот комунален работник тогаш тврдеше дека Миљковиќ им се заканувал со своите врски.

Инаку, Миљковиќ и е познат на јавноста по бројните афери кои ги има зад себе. Со текот на годините, неговата компанија доби бројни профитабилни проекти, како што е изградбата на плато во Славија, пишува Нова.рс.

Извор и повеќе детали: Нова.рс

Фото: Твитер

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина