Кој е Александар Верушевски? Пријател или душман на Заев?

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2020 10:49
Зоран Заев откри дека Александар Верушевски го снимал на „бомбите“ кои неодамна се појавија во јавноста. Тоа се случило во 2016 кога Заев му бил домаќин во Струмица, а аудио-записот е објавен дури по четири години.
Александар Верушевски е син на Зоран Верушевски, кој е советник за национална безбедност во Владата и претседател на партиската комисија за внатрешни работи на СДСМ.
Познат уште и под прекарот „Аџо“ последен пат беше политички актуелен во 2015 кога се најде на списокот лица кои политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ги повика на Анкетната комисија за утврдување на политичка одговорност за скандалот со прислушувањата. Синот на поранешниот прв разузнавач во неколку наврати имаше проблеми со законот кога беше осомничен и обвинет за серија тешки кривични дела.
Зоран Верушевски, додека беше директор на ДБК, имаше проблем со однесувањето на неговиот син, против кого имаше неколку кривични пријави за нелегално поседување на оружје, за нарушување на јавниот ред и мир, за крадење на службеното возило на неговиот татко, за обид за убиство, за изнуда, газење човек со автомобил.
Тој беше осуден на две години затвор, но Бранко Црвенковски, како претседател на државата брзо ја донесе одлуката за неговото помилување.
Можеби ќе ве интересира
РОЧИШТЕ ЗА УБИСТВОТО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС: Љубе Крстевски не се чувствува виновен

КАВАДАРЧАНЕЦ КРАДЕЛ ВО КУЌИ, ВИКЕНДИЦИ, ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ: „Пленот“ вредел околу 466.000 денари

ФИЛКОВ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ: Најстрого ќе бидат казнети сторителите

„ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗАБРАНУВА ВЕРСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА“: Уставен суд ја укина Одлуката на Владата

НИКОЈ ВЕЌЕ НЕМА ДА КРШИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ ЦЕНТАР: едногласно изгласана одлуката за формирање чуварска служба

КОЈ Е ТОЈ ТОЛКУ БОГАТ ОХРИЃАНЕЦ ШТО ОД НЕГО БИЛЕ ИЗНУДЕНИ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА - лихварка и лихвар заработија кривични пријави од МВР

Поранешниот уредник на весникот „Дневник“ стана директор на МИА

Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Комуницирав со семеен пријател пред да биде осомничен во „Адитив“

НЕДОСТИГА ДОКУМЕНТАЦИЈА, НЕ Е СПРОВЕДЕН ПОПИС, НЕ ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА: ревизорите утврдија бројни недостатоци во Основниот суд Гостивар
