14 Декември, 2025
0.1126

КОЈ ДИРЕКТОР ЗАРАБОТУВА 79.000 ЕВРА БРУТО ГОДИШНА ПЛАТА?

Објавено во: Економија 12 Април, 2024 08:40

Добивај вести на Viber

Добивката на Македонската берза за хартии од вредност лани е 6 пати помала во споредба со 2022 година. Добивката на берзата е двапати пониска од годишната бруто плата на нејзиниот извршен директор. Оваа уникатна фирма со 13 вработени за бруто плати лани издвоила над 305.000 евра и тоа е најголема ставка во структурата на трошоци. При тоа бруто платата на извршниот директор е над 6.500 евра месечно, а просечната бруто плата за другите вработени е помалку од 1.580 евра месечно.

Македонската берза за хартии од вредност лани изгубила 27 отсто од приходите од провизии за тргување во однос на 2022 година, покажуваат нејзините официјални податоци објавени на следниот линк 

Во тие услови добивката на Македонската берза за хартии од вредност лани е шест пати пониска во споредба со 2022 година. Профитот на оваа уникатна компанија, единствен во Македонија оператор на пазарот за капитал, лани изнесува само 35.000 евра. Приходите од продажба во 2023 година биле 532.000 евра и тоа е за речиси 200.000 евра помалку од 2022 година.

Но финансискиот резултат на Берзата не е пречка нејзиниот извршен директор на земе годишна бруто плата (со вклучени надоместоци) во износ од 79.000 евра за цела 2023 година.

Само за споредба, годишната бруто плата на извршниот директор Иван Штериев лани е 2,2 пати поголема од добивката што под негово водство ја остварила компанијата што тој ја предводел.

Кога се анализираат расходните ставки на Македонската берза се гледа дека најголем трошок се вработените. За нивните бруто годишни плати и надоместоци компанијата издвоила 305.700 евра. За сите останати оперативни трошоци се платени 181.000 евра, а за надомест за работењето Берзата на регулаторот на финансискиот пазар КХВ му ислатила 106.000 евра.

Берзата лани имала 13 вработени. А кога се анализираат трошоците за вработените очигледно е следново: просечна плата по вработен со исклучок на директорот е 1.574 евра по вработен. Просечната месечна бруто плата на Штериев била 6.566 евра. Разликата е повеќе од евидентна, а бруто исплатениот износ за Штериев во вкупниот износ за плати учествува со 26 отсто.

Но едно на Штериев треба јавно да му се признае. Тој е еден од ретките, а веќе можеби и единствен директор на акционерско друштво кој го почитува Законот за трговски друштва и не ја крие, туку јавно ја објавува својата плата во годишниот ревидиран финансиски извештај. И по овој критериум Македонската берза е за пример.

Само за потсетување, најголем акционер во Македонската берза е Загребската берза која поседува 30 отсто од акциите. Најголем домашен акционер е „Шпаркассе банка“ со 19,5 отсто од сите акции со право на глас. „Комерцијална банка“ поседува 10 отсто, Стопанска банка Скопје има 9,9 отсто, а НЛБ Банка има 6,1 отсто, а друштвото што управува со отворени инвестициски фондови има 5,5 отсто. ЦКБ Банка и УНИ Банка имаат по 5,3 отсто од акциите. 

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото