КОИ ТЕЧНОСТИ СЕ ДОЗВОЛЕНИ ВО РАЧНИОТ БАГАЖ ВО АВИОНИТЕ: Детален список по промената на правилата, од 1. септември ова важи во ЕУ
Објавено во: Свет 02 Септември, 2024 20:06
Воведени се универзални правила за патниците низ Европа, од
кои првото стапи на сила вчера, на
1. септември - во однос на
количината на течност што можеме да ја внесеме во авионот во рачниот багаж.
Европската унија воведува нови правила за патување, а оние кои се однесуваат на авиосообраќајот од вчера стапија на сила.
Ова најмногу се однесува на течности кои можат да се внесат во авионската кабина во рачниот багаж.
Некои од овие правила им беа познати на патниците одамна, но тие не беа универзални, а компаниите можеа сами да одлучуваат за димензиите на куферите и нивната содржина.
Со ова сите европски авиокомпании ќе бидат униформирани и патниците ќе се придржуваат до универзалните стандарди кога се во прашање тежината и димензиите на багажот.
Колку течност е дозволена во рачниот багаж?
Досега, патниците кои минуваат низ скенерот EDSCB (Систем за пронаоѓање експлозиви во рачниот багаж) можеа да носат и течности со волумен од повеќе од 100 ml по шише. Сега тоа ќе се промени, но не е исклучено да има нови промени во иднина како што ќе напредува технологијата.
Од 1 септември патниците не смеат да носат течности, гелови или аеросоли во шишиња со волумен над 100 ml.
Исклучоци се храна за бебиња и лекови.
Се препорачува тие да бидат спакувани во проѕирна пластична кеса или торбичка, а вкупниот волумен на течност да не надминува еден литар.
Ограничувањата се воведени затоа што треба да се подобрат конфигурациите на новите скенери, од кои многу се веќе во употреба на аеродромите низ Европа. Мора да се усогласат и стандардите за воздухопловна безбедност, а за да се обезбеди безбедност на патниците, нивоата на проверки пред летот мора да бидат исти во сите делови на Европа.
Европската унија соопшти дека ограничувањата не се воведени поради ризици во воздухопловната безбедност, туку како мерка на претпазливост додека не се подобри софтверот за проверка на багажот и не се постигне меѓународен договор за стандардите со кои се регулира авијацијата, пренесува Еуростат.
EES и ETIAS - какви промени сè уште не чекаат?
Европската унија воведува уште две важни промени во однос на патувањето во Европа:
Системот EES кој стапува на сила на 10 ноември 2024 година.
Системот ETIAS, кој треба да се активира во средината на мај 2025 година.
ЕЕS е нов електронски систем кој треба да ги замени печатите во пасошите, а ќе ги регистрира сите влезови и излези од земјите на ЕУ. Тој ќе се применува за оние кои во земја членка престојуваат помалку од 90 дена, а претежно се државјани на трети земји..
Овие земји ќе го користат системот EES: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка , Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
Кипар и Ирска, иако се членки на ЕУ, сепак ќе се придржуваат до рачно печатење.
Пред секое патување, при влегување или напуштање на територијата на ЕУ или Шенген, прво мора да се регистрираме онлајн целосно бесплатно.
фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMANМожеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




