КОИ СЕ ТРИТЕ ДАМИ КОИ ДОАЃААТ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ - жените полека ги преземаат финансиите во најголемите компании
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024 10:21
Тенденциите за назначување луѓе на раководни позиции во најголемите светски компании се следните: искусни „воини“, доаѓаат од светот на финансиите, лесно менуваат компании и индустрии, а жени ги има се повеќе.
Претходната недела е доказ за тоа. Три големи компании менуваат финансиски директори, а три нови лица се жени.
Последната во низата е Сара Фријар, која ќе ја преземе оваа улога во компанијата во подем - OpenAI, креатор на Chat GPT.
Искусни и од различни индустрии
Пред неа, минатата недела Alphabet, матичната компанија на Google, објави дека нов финансиски директор ќе биде Анат Ашкенази. Конгломератот LVMH пред неколку дена ја донесе Сесил Кабанис за заменик и иден финансиски директор.
Сите три ги пополнуваат сите точки од почетокот на текстот. Сите тие се во зрели години и веќе водеа слични сектори.
Сите три ги сменија индустриите. Пред OpenAI, Фрајр беше извршен директор на Nextdoor, апликација или социјална мрежа за локалните заедници, а пред тоа работеше во финансиски гиганти како Goldman Sachs и McKinsey. Ашканази доаѓа во Гугл од позицијата финансиски директор на фармацевтскиот гигант Ели Лили, додека Кабанис работеше во корпорацијата за храна Данон пред LVMH.
Сите три доаѓаат во тешки времиња за нивните компании. Првите две се компании кои прават пробив во индустријата за вештачка интелигенција, додека LVMH е во замав кога е во прашање промена на структурата на управување.
Овие три гиганти се во слична позиција. Google и OpenAI мора да ги оправдаат очекувањата на инвеститорите, но и да ја продолжат трката на полето на вештачката интелигенција, што е нивен приоритет во наредниот период. LVMH - има други „проблеми“. Но, сите тие сигурно ќе имаат корист од некој што знае бизнис и што „знае со парите“.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




