12 Мај, 2024
0.0198

Кои се највлијателните личности во англискиот фудбал?

Објавено во: Спорт 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Четворица од менаџерите во Премиер лигата спаѓаат во топ 10 на највлијателните личности на англискиот фудбал. Рангирањето вклучува вкупно 50 имиња и е изготвено од британски Телеграф.

Интересно е дека во листата има двајца Германци - Јирген Клоп (менаџер на Ливерпул) на деветтата позиција и Месут Озил (плејмејкер на Арсенал) од фудбалерите на 48-то место.

Другите тројца менаџери освен Клоп пак се Хосеп Гвардиола (Мансчестер Сити), кој е втор на листата, иако пристигна во Англија едвај пред 4 месеци, Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед) и Арсен Венгер.

Топ 10 на највлијателните личности во англискиот фудбал според англиски Телеграф:

1. Ричард Скадамор - шеф на Премиер лигата

2. Хосеп Гвардиола - менаџер на Манчестер Сити

3. Жорже Мендеш - португалски фудбалски агент

4. Жозе Мурињо - менаџер на Манчестер Јунајтед

5. Робан Абрамович - сопственик на Челзи

6. Шеик Мансур - главен акционер на Манчестер Сити

7. Арсен Венгер - менаџер на Арсенал

8. Ед Вудворд - извршен директор на Манчестер Јунајтед

9. Јирген Клоп - менаџер на Ливерпул.

10.Гари Линекер - Поранешниот англиски репрезентативец и телевизиски експерт.