Кои се најголемите извозници на струја од Македонија?
Објавено во: Економија 29 Март, 2023 13:31
Македонија е голем зависник од увоз на електрична енергија, но постои и пазар на струја во спротивна насока, иако е далеку помал. Оваа година операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО ги објави и најголемите извозници на струја која се произвела во нашата земја.
Најголем извозник е ЕТМТ Енерџи, која е формирана пред две години, а нејзин сопственик е фирма од Албанија. ЕТМТ Енерџи е инаку фирмата која во 2022 најмногу купуваше вишоци на струја кои ги продава АД Електрани на Северна Македонија- ЕСМ.
ЕТМТ Енерџи од Македонија е трговец број еден со 142.861 мегаватватчасови електрична енергија кога станува збор за извоз. Опозицијата лани реагираше дека со продажбата на ноќни вишоци на струја за ЕТМТ Енерџи се врши грабеж на граѓаните, бидејќи потоа таа ја продава многу поскапо струјата во странство.
Со 105.845 мегаватватчасови на второто место е Хсе Мак Енерџи, филијала во сопственост на словенечката државна компанија за електрична енергија.
Релативно непознатата Соларис ТРД има изнесено надвор од земјата 83.397 мегаватчасови електрична енергија и делува како специјализирана за таа намена, бидејќи компанијата ниту има големо производство, ниту пренесува струја транзитно од други места.
На 4.позиција со 79.183 мегаватчасови извесени е бугарската компанија „Тетра“, која е воедно една од трговците со најголеми приходи во земјата.
Во топ-5 со 60.000 мегаватчасови влегува и словенечкиот ГЕН-И, исто така познат по тоа што купува вишоци на струја од ЕСМ. Понатаму следат уште двајца странски купувачи од ЕСМ - ЕФТ со 45.000 и Данске Комодитис со 33.000 мегавати.
Меѓу позначителните извозници се уште и бугарскиот ЕВН Трејдинг со 27.000 и гасната централа ТЕ-ТО кој преку својот трговец извезувал 19.500 мегавати електрична енергија во текот на минатата година.
Енергетската асоцијација од оваа година очекува во извозот да се приклучат и производителите на електрична енергија од фотонапонските централи, кои би имале доволно вишоци за да можат да ја продаваат оваа струја како извозна, доколку инвестираат во потребните технологии за балансирање.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




