23 Април, 2024
0.0275

Кои се најголеми веледрогерии, колку се заработува од трговија со лекови?

Објавено во: Економија 29 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Веледрогериите се многу важна, можеби и суштинска, алка во системот што обезбедува здравствени услуги за населението. Нивна основна работа е да бидат ажурни, навремени, добро снабдени и без грешка да ја менаџираат логистиката за достава на лекови и медикаменти кои се насушна потреба на граѓаните. Особено во мали, отворени и изразито увозно зависни економии како нашата. Да, овие компании имаат големи приходи и малку вработени. Таква е природата на нивната дејност. Но резултатите од нивото работење кои ги анализираше „Фактор“ покажуваат една друга важна карактеристика за нив. Профитите не се нивен врвен приоритет. Напротив, заработките се многу мали во споредба со остварените приходи. А за воља на вистината вреди да се каже дека се често присутни кога се донира и треба да се помогне. Ова ја потврдува хуманата и алтруистичката нота на овој еснаф, особено во изминатава година во која сите бевме исправени пред бројни економски предизвици и неизвесности...

Здравјето нема цена! Сите сме се соочиле или сме биле сведоци на ситации во кои се бара лек и помош за лекување. Кога ни треба лек без разлика дали е на приватно или со партиципација од државниот здравствен фонд секогаш бараме во аптека.

Но кои се тие што ги снабдуваат аптеките? Чија работа е да нарачаат, платат, организираат превоз, купат или увезат и платат давачки за лекови и медикаменти кои се прекупотребни во дадени ситуации? И при тоа тоа да го направат навремено, ефикасно и во рок. Тоа е работата веледрогерииите, економска дејност која лани во Македонија оствари приход поголем од 400 милиони евра.

Анализата на „Фактор.мк“ покажува дека меѓу активните регистрирани веледрогерии лани има 13 компании кои успеале да направат приход поголем од 10 милиони евра. Нивниот агрегатен приход од продажба на регистрирани лекови, препарати и медикаменти надминува 380 милиони евра во 2022 година. 

Кои се најголемите македонски веледрогерии?

Според остварените приходи и минатата година лидер на пазарот е Зегин ДОО компанија основана во 1989 година од Благој Механџиски. Минатата година оваа веледрогерија најголем работодавач во оваа дејност остварила приход што надминал 81 милиони евра. Годината ја завршиле со добивка од 286.000 евра.

Втора на листата најголеми веледоргерии е Македонијалек домашна компанија основана во далечната 1978 година. Ова друштво со своите 156 вработени лани остварило приход од над 65 милиони евра и годината ја завршиле со добивка од 1,4 милиони евра.

Најголема веледрогерија која не е од Скопје, но успешно парира на скопските конкуренти е битолската компанија Еуро-Фарм. Нејзиниот приход лани надминал 50 милиони евра што ја прави трета на листата според остварените приходи. Ова друштво вработува 90 лица, кои лани за својата компанија оствариле добивка од 828.000 евра.

Еуролек од Скопје е веледрогерија основана во далечната 1996 година. На нашиот пазар лани е четврторангирана според остварениот приход кој надминал 31 милиони евра. Вработува 64 лица, а успеала да оствари добивка што надминува 1 милион евра.

Во најголемите компании во земјава е и веледрогеријата на словенечката фармацевтска компанија Крка. Македонската компанија Крка-Фарма од Скопје алани оствари приход од продажба во вредност од над 27 милиони евра и има профит од 743.000 евра.

Очекувано на листата на најголеми е и веледрогеријата Алкалоид – Конс сопственост на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“. Нивниот приход лани изнесува 26,7 милиони евра, а добивката е 665.000 евра. Друштвото лани вработувало 41 лице.

Најпрофитабилна од сите рангирани веледрогерии лани е „Др Пановски“ скопско друштво кое годината ја завршило со профит од 2,2 милиони евра, што е 8,6 отсто од приходот остварен лани кој изнесувал 25,6 милиони евра.

Во групата веледрогерии кои лани оствариле приход поголем од 10 милиони евра се и: „Лек Љубљана“, „Септима“, „Фарма Трејд“, „Европа Лек Фарма“, „Биотек“ и „Варус“ сите од Скопје.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените