Кои се најдобрите македонски програмери и колку заработуваат? Прават извоз преку 80 милиони евра!
Објавено во: Економија 30 Мај, 2022 15:11
Во најуспешните седум програмерски компании дури четири се сопственост на „наши деца“ (како што со гордост би рекле постарите). Умни, проактивни, претприемачи кои сфатиле дека можат во најмала рака да парираат на колеги ширум светот. На листата македонски продавачи на ум и лани се: Некстсенс, Аксапта Мастерс, Интерворкс... На ова друштво лани му се приклучи „старт ап“-от кој е откритие на годината – дружина програмери со најкреативно име „Фуриоус Авокадо“ што во слободен превод би дошло „Жустро (Жестоко) Авокадо“
Програмерството не е професија на иднината. Тоа беше и помина. Програмерството е еден од клучните катализатори на македонската економија. И тоа мора да се цени и почитува. При тоа програмерството убедливо е најважниот извор на нето девизни приливи за нашата економија произведени од силата на умот. И ако нешто треба да не радува во ова тешко и неизвесно време е тоа што со гордост може да заклучиме дека Македонија извезува памет, а не само работна сила!!! А особено радува тоа што програмерите, како што со гордост би рекле постарите, се „наши деца“ кои се охрабриле и отвориле нивни фирми, работат претежно за странство во високо конкурентно и меѓународно опкружување и одлично заработуваат!
Оваа анализа на „Фактор“ е инспирирана од официјалните податоци на Централниот регистар од кои се гледа дека домашните програмерски „старт ап“- и успешно работат, извезуваат софтвери или учествуваат во нивно креирање и развивање, солидно заработуваат и ја претставуваат Македонија на светската програмерска мапа.
Во Македонија се регистрирани околу стотина компании чија дејност е програмирањето. Најголемите седум компании продале програмерски услуги (н.з. памет) во вредност што надминува 72 милиони евра! И што е најинтересно: во најуспешните (н.з. профитабилни) програмерски фирми 4 од 7 се домашни компании поседувани од програмери кои заедно оствариле профит што надминува 6 милиони евра!!! Оваа анализа делумно ги опфаќа и програмерите кои работат (аутсорсинг или фри-ленсинг) популарно наречен работа од дома.
Токму овие податоци покажуваат дека и покрај бројните и секојдневни проблеми и потешкотии Македонија може со гордост да каже дека е конкурентна и дека нејзините учени чеда – програмери на светот му продаваат памет!
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




