Кои се милионерите во „Градо под Исаро“?
Објавено во: Економија, Анализа 18 Мај, 2023 11:28
Колкав бизнис потенцијал има Штип доволно говори фактот што во овој град лани осум компании имаат приходи поголеми од 10 милиони евра. Значаен квалитативен белег на овој голем град е тоа што најголемата компанија не само што е домашно поседувана, туку и локално.
Штип е најголемиот град во Источна Македонија и нејзин политички, економски, културен, музички и спортски, образовен и здравен центар. Штип има универзитет, клинички центар, еден од најпознатите музички фестивали, го има најслушаното национално радио. Штип е и гурмански центар зашто цела Македонија, но и регионот ја знаат, признаваат и конзумираат штипската пастрмајлија.
Градот во кој значаен белег оставил Гоце Делчев, најголемиот наш револуционер, а во него се родени и делувале и најголемиот војвода на организацијата, контроверзниот Тодор Александров и „гуруто“ на балканскиот тероризам Ванчо Михајлов. Штип е горд како град во кој е роден еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов.
Во најновата историја на независна Македонија Штип е градот што дал еден претседател и еден премиер на нашата независна држава, еден голем генерал, еден светски признат кардио хирург, но и мнозина општественици, дејци и творци. Штип е градот што изнедрил носител на олимписки медал во борење слободен стил, а го трасирал и патот на ексјугословенската фудбалска легенда Шекуларац кој играл во штипска „Брегалница“.
Но Штип не е македонски Манчестер, а можеби некогаш бил. Штипската економија порано била базирана на текстилните гиганти и нивните добавувачи и супортери. Сега сликата е многу поразлична, иако Штип и сега има силна текстилна индустрија. Во последниве години економска локомотива на штипската композиција е силната метална индустрија, еден од најголемите национални малопродажни ланци, национален кабелски и интернет оператор, големи дистрибутерски и трговски компании. Штип има и неколку големи и силни компании за логистика и за товарен транспорт.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




