05 Декември, 2025
0.0634

Кои се директорите што лани се откажаа од платите за да има пари за вработените?

Објавено во: Економија 25 Мај, 2021 07:19

Добивај вести на Viber

Дебарски бањи“ е пример како на дело се покажува грижа за персоналот т.е. за вработените. Лани петмината членови на Одборот на директори од почетокот на корона кризата (мар 2020 н.з.) самоиницијативно се откажале со изјави од платите и надоместоците. Целта била да не отпуштат ниту еден вработен од работа и успеале во тоа!

Пет члена на одборот на директори на „Дебарски бањи“ се откажале од своите плати и надоместоци лани за да обезбедат средства на плати на вработените на оваа компанија – прочуена по лековитите својства на минералните води со кои стопанисува. Според официјалните податоци достапни во годишниот извештај за работењето на компанија (достапен на информативниот сервис СЕИ – НЕТ) петмината членови на одборот на директори лани од март (кога беше прогласен корона – карантин за Дебар н.з.) се откажале од вкупно 50.000 евра во корист на плати за своите вработени во акционерското друштво „Дебарски бањи“.

Нивната цел била да се обезбедат средства за плати на сите вработени, а приоритет им бил да не отпуштат ниту еден вработен лани иако заради корона кризата морале голем дел од годината да ги држат затворени сместувачките капацитети во трите хотели со кои управува друштвото („Венец, „Бањишта“ и „Косоврасти“).

Во годишниот извештај за работењето на друштвото достапен на следниот линк SEI Net V2 со наслов Годишен извештај за 2020 детално е опишано како друштвото се справи со годината во која приходите заради корона кризата биле драстично намалени иако планирале да биде најуспешна година во историјата на компанијата. Во извештајот крајно транспарентно (што може да биде пример за многу котирани друштва чии акции се тргуваат на берза н.з.) се наведени месечните примања на сите членови на директорскиот борд: претседателот Меџит Цапа, извршната директорка Албиона Риза, нејзиниот заменик Трим Ќемали и надворешните членови Шпреза Цапа и Бјонда Баланца. А воедно се наведени и сите предизвици, од финанска гледна точка предизвикани од ковид кризата, како и мерките и активностите што биле превземани за да се соочат со новонастанатата состојба.

Еве цитат од годишниот извештај достапен на горенаведениот линк: „Членовите на одборот на директори поради ситуацијата во која се наоѓаше Друштвото поради пандемијата Ковид 19 со цел да се задржат сите вработени на работните места иако со месеци не се работеше самоволно со потпишена изјава ги ставија на мирувања примањата по основ на месечен паушал за неизвршните членови на одборот на директори како и менаџерските договори за извршните директори, заклучно месец март 2020 година“.

„Дебарски бањи“ е најстара македонска здравстена установа која ги лечи пациентите со благодетните својства на термалните води. Друштвото е основано во далечната 1948 година. Лани заради корона кризата значано е намален обемот на работа на друштвото кое годината ја завршило со загуба од 900.000 евра. Приходите од работењето изнесувале 1,15 милиони евра, а расходите биле поголеми од 2 милиони евра.

Лани друштвото реализирало само 30.681 ноќевање во сите три хотели. Резултат што е за 65 отсто послаб од 2019 година. Тоа е влијанието на корона кризата врз „Дебарски бањи“ лани.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?