Кои се 100-те најмоќни луѓе во медиумите во Србија?
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2023 08:11
Српскиот весник Блиц состави листа за тоа кои се најмоќните луѓе во медиумите, естрадата, спортот.
Тие ги објавија 100-те најмоќни имиња. Прв е Жељко Митровиќ. Челникот на Пинк како што се наведува и натаму успева да одржи баланс меѓу забавната програма, домашните и странски серии, но и политички содржини кои ги нуди неговата телевизија. Се вели дека тој го има еден од најуспешните формати на Балканот. Неговиот проект „Задруга“, иако често е мета на критики, сепак руши рекорди со гледаност. Сега се емитува шестата сезона, а комплексот во Шимановци е еден од најголемите во Европа. И по 29 години, телевизијата има забавна програма и милионски гледачи. Неговата империја вреди повеќе од десетина милиони евра.
Втор на листата е Срѓан Миловановиќ. Тој со години беше косопственик на Kopernikus technology, вториот кабловски оператор во Србија кој во 2018 година го купи Телеком Србија. Истата година презема 100 отсто во Антена група во Србија и Црна Гора. Во сопственост сега му се и Прва телевизија, Б92, Прва ТВ Црна Гора, Радио Плеј, шест кабловски канали, како и два портала Prva.rs и B92.net.
Владимир Лучиќ е трет, а Телеком Србија лани има рекорд. Таму е од 1997 година, односно од основањето, а лани имале приход од над милијарда евра, бројот на тв корисници е 1.2 милиони, додека на фиксна линија 1.1 милиони. Имаат инсталирано над 2.000 базни станици, а оптички интернет имаат повеќе од 1.25 милиони домаќинства.
Сузана Васиљевиќ е на 4-то место. Таа скоро деценија е соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ. Иако е советник за медиуми, има поширок дијапазон на работи со кои се занимава. Во кабинетот на Вучиќ е од 2012 година, а претходно работела во кабинетот кај Воислав Коштуница. Била дел и од кабинетот на Ивиуца Дачиќ, но работела и во Србијашуми. Студирала новинарство и германистика во Берлин, а филмска и телевизиска камера во Белград.
Драган Бујошевиќ е на 5-то место. Тој е директор на Радио телевизија Србија. Од 1976 до 1989 година беше во Политиката, а потоа до 1993 година е заменик на главниот уредник. Поминал низ повеќе медиуми, но иако во 2019 година наврши 65 години, мандатот во телевизијата му е продолжен.
Целата листа можете да прочитате тука.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




