14 Декември, 2025
0.0415

Кои го водат орото во Полог? Најголемиот не е од град, а единствен лани направи над 100 милиони евра!

Објавено во: Економија, Анализа 16 Мај, 2023 11:21

Добивај вести на Viber

Полог е пример за тоа дека во Македонија може да се води голем бизнис и од село. Полог е исклучок од правилото што важи во Македонија дека градот го уби селото. За тоа колку е силна приватната иницијатива во комбинација со локал-патриотизмот во Полог покажува фактот што дури три од најголемите пет компании се стационираи во селски општини исто како што се три од најпрофитабилните компании.

Полог е најсеверната котлина во Македонија која има два клучни атрибути по кои се разликува од сите други. Првиот е демографски и произлегува од најгустата населеност во споредба со сите други региони и најбројна дијаспора, а втората е дека е наголем бизнис инкубатор со најголем број претприемачи од кои значаен дел се веќе успешни и големи бизниси. Со еден збор Полог, неговите два големи града Тетово и Гостивар и бројните населени места се царство на приватната иницијатива. Токму таа исклучително висока култура за водење сопствен приватен бизнис произлегува од тоа што овој регион со децении наназад има бројни иселеници во западноевропските земји и во САД.

Статистички Полог има околу 300.000 жители на хартија, но заради големата економска миграција реалниот број на постојани жители е помал. Особена економска активност во котлината има во летните месеци кога традиционално се прават гастарбајтерските свадби. Полог е поставен по течнието на Вардар и неговата просторна површина е 400 квадратни километри.

Полог е познат како регион со многу плодна земја, развиено приватно организирано земјоделство, многу богат со вода затоа што тука извира и тече најголемата македонска река Вардар и што е најважно со вредни и работливи луѓе кои се докажани претприемачи и големи стопанственици.

Анализата на податоците од Централниот регистар покажуав дека лани овој регион имал 20 компании со приход поголем од 6 милиони евра 11 компании кои ланската кризна и непредвидлива година ја завршиле со добивка поголема од 1 милион евра.

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ПОЛОГ (според приход во 2022 година)

НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО ПОЛОГ (според профит во 2022 година)



Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји