30 Април, 2025
0.1213

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

Објавено во: Економија 24 Април, 2024 07:26

Добивај вести на Viber

Малта, Кипар и соседна Бугарија се трите земји членки на Европската унија кои во текот на 2021 година имале најголем уддел во обезбедувањето ИКТ услуги.

Според најновите податоци кои ги објави европскиот статистички центар „Евростат“, овие земји имаат најголем раст на услугите во информатичката технологија.

Спротивно на нив, Грција пак е меѓу земјите кои пак имаат најмало учество, заедно со Италија, што донекаде е разбирливо бидејќи станува збор за земји каде доминираа туристичкиот сектор.

-  Во 2021 година, додадената вредност на секторот за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) на ЕУ беше еднаква на 5,5 проценти од бруто додадената вредност на Европската унија. Од нив, 4,7 отсто отпаѓаат на ИКТ услугите и 0,8 проценти од ИКТ производството. Од земјите на ЕУ за кои беа достапни податоци за збирниот „ИКТ сектор“, земја со најголема бруто додадена вредност за сите области од ИКТ индустријата беше Малта која има раст од 10,3 отсто, додека Грција имаше најниска стапка од само 3,5 проценти – се појаснува во анализата на „Евростат“.

Трите земји членки на унијата кои имаат највисоки коефициенти на раст во обезбедувањето ИКТ услуги се Малта со 9,4 отсто, по што следува Кипар со 8,9 проценти и нашиот сосед, Бугарија со 7,3 проценти.

Од друга страна, дел од источните земји членки на ЕУ, заедно со Малта се земјите кои имаат најголем уддел во бруто додадента вредност преку производство на информатичка технологија. Тоа се Унгарија каде учеството достигнува 1,2 проценти, по што следува малта Малта со 0,8 отсто, Латвија и Словачка и двете по 0,6 проценти.


Кога станува збор за учеството на вработеноста во ИКТ секторот во вкупното вработување, просекот во ЕУ изнесувал 3,2 проценти во 2021 година.

-  Помеѓу 2011 и 2021 година, меѓу земјите на ЕУ за кои беа достапни податоци за 2021 година, само Данска забележа намалување на вработеноста во ИКТ во вкупната вработеност каде има пад од 0,6 процентни поени. Од друга страна Латвија и Естонија забележаа најголеми зголемувања на учеството на ИКТ вработеност во вкупна вработеност од раст од 2,5 процентни поерни и 2,2 процентни поерни – се наведува во анализата на „Евростат“.

Во 2021 година, најголем дел од вработеноста во ИКТ во вкупната вработеност има во Ирска каде опфатени се 6,1 проценти од вработени. Потоа следува Естонија со 5,6 отсто и Шведска со 5,2 проценти.

Во меѓувреме, најниски стапки на опфат на работници во ИКТ секторот од вкупно вработени има во Грција каде овој процент достигнува 1,7 отсто, по што следуваат Полска и Португалија и двете по 3 проценти опфат, посочува Евростат.

Можеби ќе ве интересира

БЕХТЕЛ ЕНКА ОРГАНИЗИРА СРЕДБА СО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО СОРАБОТКА СО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ МОЖНОСТИ НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д

БЕХТЕЛ ЕНКА ОРГАНИЗИРА СРЕДБА СО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО СОРАБОТКА СО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ МОЖНОСТИ НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д

Tрговските тензии се намалија – пазарите воздивнаа

Tрговските тензии се намалија – пазарите воздивнаа

НЕ САКА САМО ДА СЕДИ ДОМА И ДА БРОИ ПАРИ, ТУКУ ДА МУ ПОДАРИ НА СВЕТОТ ПАТУВАЊЕ СО СТИЛ И ЛУКСУЗ - австралиски милијардер ќе гради Титаник II, еве ги деталите

НЕ САКА САМО ДА СЕДИ ДОМА И ДА БРОИ ПАРИ, ТУКУ ДА МУ ПОДАРИ НА СВЕТОТ ПАТУВАЊЕ СО СТИЛ И ЛУКСУЗ - австралиски милијардер ќе гради Титаник II, еве ги деталите

РАСТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - енергетскиот сектор со најголем скок

РАСТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - енергетскиот сектор со најголем скок

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје стана член на Надзорниот одбор на „Мтел“

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје стана член на Надзорниот одбор на „Мтел“

Македонски Телеком продолжува со силни инвестиции и раст и во првото тримесечје на 2025 година

Македонски Телеком продолжува со силни инвестиции и раст и во првото тримесечје на 2025 година

МАЈКИТЕ ЗАСЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ПЛАЌАЊЕ ДАНОК - таква одлука се донесе во една европска држава, ова се условите

МАЈКИТЕ ЗАСЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ПЛАЌАЊЕ ДАНОК - таква одлука се донесе во една европска држава, ова се условите

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 6 отсто, извоз од 57,4 милиони евра и инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г.

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 6 отсто, извоз од 57,4 милиони евра и инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г.

ЗА СУМА ОД 1,55 МИЛИОНИ ЕВРА КУПЕНИ БЕЗМАЛКУ ЕДЕН ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“ - кому му беа навистина потребни пари

ЗА СУМА ОД 1,55 МИЛИОНИ ЕВРА КУПЕНИ БЕЗМАЛКУ ЕДЕН ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“ - кому му беа навистина потребни пари