05 Мај, 2024
0.0260

Кои автори ќе ги плати Владата со половина милион евра?

Објавено во: Економија 20 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Оваа Влада го смени моделот што го применуваше ВМРО ДПМНЕ додека беше на власт. Владата не прави кампањи и не ангажира агенции за ПР, за адвертајзинг, за мерење рејтинзи. Оваа Влада издвои пола милион евра за авторски договори со кои ќе ангажира и плаќа надворешни експерти со авторски договори или со договори на дело. Што е предмет на договорите и ангажманите допрва ќе треба да видиме

Владата ќе потроши до половина милион евра за авторски договори, договори на дело, авторизации за дела на странски автори и други услуги од авторска агенција. Ова е предвидено во договорот што Владата го склучи со агенцијата „Артпицк“ на 30 јули годинава. Во име на Владата договорот со авторската агенција „Артпицк“ го потпиша Драги Рашковски, генералниот секретар.

Договорот со „Артпицк“ ќе трае најдолго 12 месеци, Владата има лимит од 30 милиони денари (речиси половина милион евра) кои не е обврзана да ги потроши во целиот износ. Агенцијата „Артпицк“ за своите услуги, според наведеното во договорот, ќе наплати 0,01 отсто за услуга од вредноста на секој поединечен договор. Ова е просто неверојатна цена за услуга и речиси и да нема пазарна логика затоа што 0,01 на 30 милиони денари е 3.000 денари.

Во договорот пишува дека Владата нема обврска да ги бара сите услуги наведени во техничката спецификација. Владата ќе ангажира автори преку авторската агенција „Артпицк“, а агенцијата е должна парите на ангажираните автори да им ги префрли за еден ден откако ќе ги добие од Владата.

Што е предмет на договорот?

Во договорот пишува дека предмет на договорот се услуги се подготвки на авторски договори, договори на дело (повремено вршење на услуги и работи) издавање фактури за исплата и исплата авторски надоместоци, услуги во врска со прописи за авторски права и даноци од авторски права, обезбедување авторизации за објава на дела од странски автори, трансфер на средства за авторски права во странство и обратно и други услуги од авторска агенција.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста побара од Владата одговори на прашања за тоа што се планирало кога се одлучило да се склучи ваков договор и какви услуги и за какви проекти ќе се бараат. Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години