Кога-тогаш Груевски ќе го вратиме, тврди Спасовски
Објавено во: Македонија 22 Март, 2019
Екс премиерот Никола Груевски кој се наоѓа во бегство и ужива политички азил во Будимпешта ќе одговара еден ден.
Ова го тврди министерот Оливер Спасовски кој вели дека кога-тогаш Груевски ќе биде вратен во земјава и ќе понесе одговорност за сите злодела.
-Секој ќе си одговара, на крај или на почеток ако саканте, ќе има одговорнсот и за оние од 27 април, па и за Никола Груевски-посочи Спасовски во синоќешната емисиј на Тв24.