КОГА ОДИШ ВО ПОСЕТА НА ОРБАН, ОМИЛЕНАТА ЛИЧНОСТ НА БРИСЕЛ, МОЖЕШ ДА ВРТИШ ТЕЛЕФОНИ КОЛКУ САКАШ“ - Жерновски за одложувањето на гласањето за Извештајот
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2025 12:14
Да одиме по ред, за да дојдеме до вистината. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера го одложи гласањето за извештајот за евалуација на напредокот на Македонија во пристапувањето кон ЕУ. Извештајот требаше да се гласа заедно со досиејата за другите земји кои се борат за членство во ЕУ. Додека извештаите за Босна и Херцеговина, Албанија и Грузија беа усвоени, оној за нашата земја беше блокиран.
Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ доживаеала вистински дебакл внатре во својата сестринска партија во која членува. Ете колку тежи нивното влијание и каков авторитет поседувааат во ЕПП.
Да биде работата уште потрагикомична, премиерот Христијан Мицкоски во измиантиве неколку денови бараше лобирање од страна и на опозицијата до европарламентарци од нивните сестрински партии. Во мангупски стил, демек ние својата работа си ја завршивме, сега да ве видиме вас.
Кога веќе сме на таа тема, Мицкоски се пофали дека во пресрет на гласањето, тој и Тимчо Муцунски оствариле голем број на телефонски разговори. Ете, резултат од нивната активност пристигна веднаш.
Некој требаше да им каже дека не се лобира на ден пред гласањето, туку дека тоа се прави секој ден. Повеќе пати укажував дека многу брзо ќе ја платиме цената за туристичката селфи дипломатија во која се претвори нашата надворешна политика. Па така, додека сите наши соседи перманенто лобираат, Муцунски оди во посета на детски градинки во Австралија и САД, односно на ЕКСПО 2025 во Јапонија. Барем да беа во Европа, можеби и ќе се погодеше некое детенце на ЕУ дипломат.
И уште нешто. Кога одиш во посета на Орбан, омилената личност во Брисел, и тоа на неколку дена пред гласањето, можеш да вртиш телефони колку сакаш. Ако некој воопшто и ти се јави“, пишува Жерновски во својата фејсбук објава.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




