06 Мај, 2024
0.0236

Кое државно претпријатие има просечната нето плата поголема од 500 евра?

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

АД за стопанисување со деловен простор лани исплати просечна нето полата во износ од околу 35.000 денари, покажува пресметката на „Фактор“ од достапни официјални податоци од независната ревизија за 2016 година

АД за стопанисување со деловен простор лани остварил приходи од продажба кои изнесуваат 61,55 милиони денари односно 1 милион евра. Овој износ е составен од две ставки, а доминантната е продажба на деловен простор и таа изнесува 56,9 милиони денари. Другата ставка е закуп на деловен простор и таа изнесува 4,57 милиони денари. 

Оваа фирма имала дополнително односно останати приходи кои лани надминале половина милион евра односно изнесувале 33 милиони денари. 
Вкупните приходи на владината фирма за продажба и издавање деловен простор лани изнесуваа 1,5 милиони евра. Во споредба со 2015 година тие се пониски за 20,9 милиони денари во споредба со 2015 година.

Во извештајот на независната ревизија не пишува колку квадратни метри државен деловен простор лани продала фирмата  ниту пак пишува колку квадратни метри се издадени. Во споредба со 2015 година, лани приходите од закуп се намалени за 16,4 милиони денари, а пад има и кај останатите приходи кои минатата во споредба со 2015 година се намалени за 4,5 милиони денари. 

На расходната страна најголема ставка се трошоците за вработени кои изнесуваат 41 милиони денари и бележат мало намалување во однос на 2015 година. Расходите за бруто плати изнесуваат 39,6 милиони денари и се најголема расходна ставка во трошковната структура на друштвото за лани. Оваа фирма на крај на 2016 година имала 71 вработено лице и за нив платила 39,6 милиони денари бруто плати. Со оглед на тоа дека придонесите за пензиско и здравствено осугурување заедно со другите социјални одбитоци носат околку 30 отсто од бруто платата и злегува дека нето просечна плата во врабтен лани била околу 32.500 денари. Друштвото лани остварило добивка од своето работење во износ од 4,3 милиони денари и таа во споредба со 2015 година е помала за 4 пати во однос на 2015 година. Лани оваа фирма од својата најголема подружница ГТЦ добила дивиденда во износ од 2,6 милиони денари.

Колкава дивиденда зема Владата од нејзината фирма за продажба и наем на деловен простор?

Од достапните податоци се гледа дека АД за стопанисување со деловен простор лани на Владата и платил дивиденда во износ од 17,7 милиони денари од добивката од своето работење во 2015 година.

Од извештајот се гледа дека од продажба на основни средства (читај деловен простор) лани ова друштво на Владата и префрлило над 2 милиони евра односно поточно 126,8 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години