14 Декември, 2025
0.0730

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта“

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2025 11:35

Добивај вести на Viber

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи се пофали дека се работи на санација на што е можно повеќе патишта кои водат до рурални средини.
Не само што не ги забораваме туку и се трудиме да опфатиме што поголем број на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз.

Денеска заедно со пратеникот Ѓорѓија Сајкоски,заменик министерот Лазе Јаќимоски и заменик директорот на ЈП Македонија пат Александар Шуковски, бевме на увид на еден таков пат каде што е во тек негова санација. Тоа е регионалниот пат Р2337 на делот од врска со Р1305 (Кичево-Демир Хисар) кон Цер. Се санира коловоз со вградување на нов слој на асфалт во должина од 5.100 метри и ширина од 4 метри. Вредност на работите е проценета на 30 милиони денари.

Исто така, во тек се и градежни активности и изведба на земјани работи (пробивање и рамнење на трасата и ископ на канали) за санација на делот од патот од Цер кон Пуста Река кој е со земјан коловоз, со цел поврзување со Крушево.

Работите ги изведува ЈП Македонијапат, а се реализира преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, каде што се планирани градежни активности на државни патишта кои водат кон рурални средини и кои се со стар и оштетен коловоз.“, објави тој.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено