18 Јули, 2024
0.0288

„КЛУЧЕН ПРИОРИТЕТ ЌЕ НИ БИДЕ ЗДРАВСТВОТО“: Мицкоски најави големи измени, дури и кратење на двојните директори

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада, Христијан Мицкоски, пред почетокот на седницата на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС), рече дека еден од главните приоритети на новата влада ќе биде здравството.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со случувањата во Клинички центар, Мицкоски изрази жалење што граѓаните се соочуваат со проблеми, за кои рече „мислевме дека се дел од минатиот век“ и порача дека ќе има одговорност.

- Еден од клучните приоритети ќе ни биде здравството, има многу приоритети, но еден од клучните приоритети ќе ни биде здравството. Секој од нас на секојдневна основа има контакт со здравството и жалам што ова им се случува на македонските граѓани, во 21 век пациентите да ни умираат во ходници или да се случуваат инфекции кои мислевме дека се минато и се дел од минатиот век. За ова ќе има одговорност - рече Мицкоски.

Посочи дека во минатото како опозиција постојано укажувале на слабостите на македонското здравство, но како што рече, тогашната актуелна власт таквите предупредувања ги толкувала како политиканство и бркање на политички поени.

- Еден од главните приоритети ќе ни биде решавање на овој проблем. Жал ми е што сѐ што зборувавме во минатото излезе точно и жал ми е што од страна на малкумина, кои што сѐ уште се дел од актуелната власт, беше протолкувано како политиканство, ниски страсти и бркање на политички поени, наместо да ги засукаат ракавите и да се зафатат за работа. Ќе ве потсетам на случајот за Онкологија кога предупредувавме на многу од акутните проблеми којшто ги има македонското здравство, но за жал од страна на тогаш се уште актуелното мнозинство не наидовме на разбирање, но сега тоа е позади нас - рече Мицкоски. 

Тој воедно најави и измени во здравството кои се однесуваат на медицинските и економските директори во болниците во земајва. 

- Еве можам да ви кажам дека идната влада нема да има повеќе организациски или т.н. економски директори во здравствените установи низ Македонија, со што за стотина функционери ќе биде помала администрацијата. Исто така можам да ви кажам дека се работи и дека веднаш по формирањето на владата ќе почне да се работи на уште едно ветување коешто е заедничко со идните коалициски партнери, а тоа е еден Клинички центар, што значи дека ќе имаме уште педесетина функционери помалку. При формирањето на управните одбори имаме согласност таа бројка да биде за 20 проценти намалена од таа којашто беше досега. Следен чекор е укинување на позицијата онаму каде што постои заменик (директор) и нормално уште еден чекор, а тоа е намалување на бројот на пратениците во парламентот, но за тоа е потребно отворање на Уставот, од 120 на 90 - изјави Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ПО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЛАДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА ЕВРОПА: Ќе донесе потпросечни температури

ПО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЛАДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА ЕВРОПА: Ќе донесе потпросечни температури

ВАКА СЕ ВОЗИ ЕР-ТРАКТОР: Ангелов објави видео од кабината

ВАКА СЕ ВОЗИ ЕР-ТРАКТОР: Ангелов објави видео од кабината

УАПСЕН БЛЕРИМ РАМАДАНИ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: по потерница од Србија, амбасадорот тврди нема да биде екстрадиран

УАПСЕН БЛЕРИМ РАМАДАНИ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: по потерница од Србија, амбасадорот тврди нема да биде екстрадиран

ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ - ГОРИ НА 13 ЛОКАЦИИ: формиран кризен штаб, испратени екипи на терен, еве ја состојбата

ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ - ГОРИ НА 13 ЛОКАЦИИ: формиран кризен штаб, испратени екипи на терен, еве ја состојбата

ДЕНЕС И ДО 42 СТЕПЕНИ: Од сабота заладување од само четири степени

ДЕНЕС И ДО 42 СТЕПЕНИ: Од сабота заладување од само четири степени

Кои се велешаните што направија 3 милиони евра од извоз на конци за шест месеци?

Кои се велешаните што направија 3 милиони евра од извоз на конци за шест месеци?

„СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ ИМА НАМЕРА ДА СТАНЕ МИНИСТЕР ТРЕБА ДА ПОМИНЕ ТЕСТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Најчевска направи список за тоа што треба иден министер да направи

„СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ ИМА НАМЕРА ДА СТАНЕ МИНИСТЕР ТРЕБА ДА ПОМИНЕ ТЕСТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“: Најчевска направи список за тоа што треба иден министер да направи

„НИЕ НЕМАМЕ ГОРИВО И НЕМА ДА ГАСНЕМЕ“: Ова е одговорот што го добил Ангелов од „Национални шуми“, а даде и оцена за тоа како се справува земјава со пожарите

„НИЕ НЕМАМЕ ГОРИВО И НЕМА ДА ГАСНЕМЕ“: Ова е одговорот што го добил Ангелов од „Национални шуми“, а даде и оцена за тоа како се справува земјава со пожарите

ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЦИ НЕ ПОДНЕЛЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА ВО ДКСК: Димитровска ги наброја, почната е постапка за прекршочна постапка

ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЦИ НЕ ПОДНЕЛЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА ВО ДКСК: Димитровска ги наброја, почната е постапка за прекршочна постапка