09 Мај, 2024
0.0456

КЛУЧ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Без ова нема да можете да се вработите

Објавено во: Економија 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Познавањето на германскиот јазик ќе има многу важна улога за вработување во Германија.

Од апликантите за работа се очекува напредно знаење кое одговара на Б1-ниво на заедничката европска референтна рамка за јазици, што претпоставува можност за учество во разговори на познати теми или за деловно работење, разбирање на емисиите на радио или телевизија и снаоѓање во странска земја.

Трајче Илиев, професор по германски јазик од Велес вели дека за да се достигне нивото Б1, кандидатот треба многу да работи. Потребно е време, но и желба да се совлада германскиот јазик. Ова ниво подразбира дека aпликантот мора да знае да разговара, но и да пишува на германски јазик.

„Се зависи од желбата на кандидатот, волјата, колку ќе работи, ќе се посвети. Имав ученичка која за 12 месеци го помина тоа ниво Б1, но јазикот се учи со години. Луѓето треба да знаат да разговараат, да водат дијалог, да се снајдат во средината кога ќе разговараат со Германци, да напишат состав на германски јазик. Не е едноставно. Тоа Б1 ниво значи дека треба течно, разбирливо да се зборува германскиот јазик.  Исто така, многу е важно за кандидатот дали претходно има некое предзнаење или не“, вели тој.

Новиот закон за работа во Германија е и карактеристичен со тоа што доколку имате повеќе од 45 години има посебни услови. Овие услови се заострени со новиот закон за странски државјани на таа возраст.

За да добијат дозвола за престој и работа, тие мора да докажат дека ќе заработуваат најмалку 3.685 евра бруто месечна плата, или дека веќе стекнале пензија или имаат средства да ги исполнат основните трошоци за живот, за да не станат товар на државата во старост.

Според новиот закон, на работниците од земји кои не се членки на ЕУ, во иднина во Германија ќе им бидат достапни сите работни места за кои се квалификувани, а не само оние кои биле прогласени за дефицитарни од германските институции и за кои нема кандидати од Германија или земји од ЕУ. како што беше случај досега.

Околу 10.000 луѓе годишно од Македонија заминуваат во Германија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА