18 Мај, 2024
0.0302

КЛИНИКИ „МАЈКА ТЕРЕЗА“: Капацитетите насочени кон Инфективна да не се дозволи колапс на целото здравство

Објавено во: Македонија 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во период на пандемија, клиниките во Скопје, дел од своите капацитети ги пренасочуваат на Клиниката за инфективни болести, но и во вакви услови, кога има приоритети, работата се одвива непречено, говорат за Фактор дел од раководните лица од неколку скопски клиники. Велат дека ситуацијата налага да ги штедат капацитетите, за да не се случи најлошото сценарио, односно да не дојде до енормно проширување на  заразата со Ковид-19, со што би се пренатрпале одделенијата за интензивна нега, а тоа, како што појаснуваат, несомнено може да доведе до колапс на целиот здравствен систем во земјава.

Д-р. Виктор Камнар, шеф на Клиниката за ортопедски болести за Фактор изјави дека кај нив се примаат сите пациенти кои имаат итна потреба од хируршка интервенција, додека останатите хронични пациенти за сега се одложуваат.

- Скршеници, неодложни тумори, онколошки заболувања, сето тоа се работи непречено, се запазуваат медицинските критериуми и пациентите се хоспитализираат и се лекуваат. Значи, доколку постои неопходна и неодложна интервенција, на пациентот му се укажува сета медицинска помош. Строго се води сметка околу препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно правилата и епидмиолошките анкети за да не се загрози безбедноста на сите пациенти кои се примаат за интервенција. Не смееме да дозволиме да се прошири заразата. Во моментов е многу важно да се обезбедат капацитети во смисла на медицински кадар и лежечки стационарни услови за евентуална потреба поради панадемијата на Ковид-19, вели д-р. Камнар.

Сосема слична е и работата на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување, КАРИЛ, од каде за Фактор ни изјавија дека дел од човечките ресурси, односно медицинскиот кадар е пренасочен на Инфективната клиника. Сепак и таму функционираат непречено.

-Интензитетот на работата на КАРИЛ е намален, но работата не е сопрена. На КАРИЛ се примени сите итни пациенти, бидејќи не смееме да дозволиме луѓето да страдаат од други болести, за сметка на Ковид-19. Операционите сали работат со поинаква динамика. Приоритет се пациентите со малигноми и пациенти кои се во животозагрозувачка состојба. Практично, се прави стручен колегиум за итноста на одредена здравствена состојба. Тука имаме хоспитализирани пациенти кои се на механичка вентилација, згрижуваме пациенти кои настрадале во сообрќајки и други несреќи, всушност работата не е сопрена. Единствено што ме плаши е дека во одреден момент може да се соочиме со недостаток на човечки ресусри. Во време на пандемија дел од нашиот медицински кадар е на Клиниката за инфективни болести. Недостасува број на доктори и анестезиолози, како и медицински сестри, а тие се носечки столб во операционите сали, изјави за Фактор д-р Маја Мојсова Мијовска, раководител на КАРИЛ.

Од Клиниката за уво, нос и грло велат дека целиот здравствен систем досега одлично функционира. Постои реорганизација, секако, но кризата со коронавирусот во нашава земја до сега не ја поремети работата на останатите клиники.

-Центар на внимание и целокупните човечки ресурси ги полагаме на Инфективната клиника. Функционираме според препораките, што значи дека ги работиме пациентите со итна патологија. Но, и од оваа клиника не враќаме пациенти. Оние кои дошле од внатрешноста, но и од Скопје, не се вратени. Во вакви услови солидарноста е најважна. Затоа целосно стоиме на располагање на Клиниката за инфективни болести каде во моментов се хоспитализираат пациентите заразени со коронавирусот. Дел од нашиот медицински кадар е прераспределен таму. Четири медицински сестри од Клиниката за уво, нос и грло во моментов се на Инфективна. Прво поминуваат одредена обука, и потоа влегуваат рамномерно во тимот на Клиниката за инфективни болести, вели за Фактор професор Јане Нетковски-директор на Клиниката за уво, нос и грло. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност