Клиника за гинекологија: Пет бебиња починати, зголемен бројот на предвремени породувања
Објавено во: Македонија 15 Април, 2020 13:23
Клиниката за гинекологија и акушерство информира дека од 9 до 13 април починале пет предвремно родени бебиња. Од ГАК информираат дека во последните седмици е забележан зголемен број на предвремени породувања
-Бременоста и во нормални околности е проследена со осцилации во емоциите, често е придружувана со зголемена чувствителност и вознемиреност, а очекувано е Ковид-19 да предизвикува нагласена загриженост кај бремените жени. Поради тоа, не е исклучено психолошката состојба на трудниците да има свое влијание и врз поголемиот број на предвремени породувања, во однос на вообичаениот, велат од ГАК.
Станува збор за предвремено родени бебиња со екстремно мала родилна тежина и со екстремна незрелост. На 6 април починале сите три бебиња на родилка која носела тројка и била со високоризична бременост.
- Но, поради екстремната незрелост, многу малата телесна маса, многу малата гестациска недела, бебињата за цело време беа во критична состојба и нестабилни, поради што и покрај терапијата, починаа во различни денови (на 9, 11 и на 13 април). Родилката е тестирана за Ковид-19 и е негативна на коронавирус, соопштуваат од клиниката.
Другите два случаи се од 4 април кај родилка од Скопје во 31 гестациска недела и кај родилка од Струмица забременета ин витро, со близначка бременост на 9 април.
Медицинската директорка на ЈЗУ У ГАК доц. д-р сци Викторија Јовановска побарала стручна помош од епидемиолог, интензивист педијатар и перинатолог кои ќе ја анализираат оваа состојба.
-Напомнуваме, засега не постои научен доказ дека трудниците и родилките имаат поголема чувствителност на Ковид-19, ниту пак дека се во поголем ризик од зараза. Кај родилките и трудниците со Ковид-19 дури и при евентуална зараза, не е посериозен текот на болеста во однос на општата популација, додаваат од таму.
Доколку имаат потреба од психолошка поддршка, веќе функционира телефонскиот број 078/378-766, кој е наменет токму за психолошка поддршка на трудниците и родилките.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





