17 Декември, 2025
0.0407

Ќулавкова: Сѐ што е потпишано со измама од поединци, еден ден ќе биде отпишано од народот

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022 17:31

Добивај вести на Viber

Академик Катица Ќулавкова го коментира мофицираниот француски предлог и ја прашува власта каде брзаат. 


„Има ли поголемо зло од тоа, во име на празни ветувања и „коцкарска“ надеж дека ќе добиеш премија, да си ги заложиш домот, семејството, народот, наследството, имотот, иднината? Има ли поголема историска грешка од тоа, од готовото да направиш вересија, од Нешто да направиш Ништо? Има ли понеморална и понесовесна работа од тоа - светото да го профанизираш, државата да ја обезличиш, луѓето да ги трауматизираш, народот да го стигматизираш? Има ли побрутален чин од репресијата врз сопствениот народ? Има ли потрагично предавство од предавството на сопствениот национален интерес? Предавството никогаш никому не донело никакво добро. Предавството разнебитува. „Болест на смрт“. Македонија е на прагот на целосна разнебитеност. Разнебитена тивко, по пат на ултиматуми и заплашување со војна, по пат на нелегитимни политички договори, референдумски и други фалсификати, со помош на ревизии на историската и современата стварност, незапамтен криминал, стимулирани миграции, етнички фрагментации, позитивни дискриминации, фејк информации, медиумски манипулации, распад на системот на традиционални вредности, губење на пријателите“, пишува таа. 

Вели дека само во пропаст се брза неразумно. Ќулавкова повика да го вратат разумот на историската и политичката сцена. 

„Барем една научна експертиза дајте да се направи пред да донесете политичка одлука!Оти, да не се лажеме: Ако стратешкиот интерес е спротивен на националниот, тогаш тој не е наш, туку туѓ стратешки интерес! Сѐ што е напишано, еден ден ќе биде прочитано. Сѐ што е потпишано со измама од поединци, еден ден ќе биде отпишано од народот“, вели Ќулакова. 

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека за модифицираниот француски предлог ќе има консултации со партии, граѓански организации, експерти. 

ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа овој предлог и повика на протести. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски