19 Јануари, 2025
0.0306

ЌЕРКАТА НА СВЕТО ЈАНЕВСКИ, ДРАГАНА, ПО САМО ТРИ МЕСЕЦИ ОД НАЗНАЧУВАЊЕТО, Е ОТПОВИКАНА - повеќе нема да биде членка на Одборот на директори на „Тиквеш“

Објавено во: Економија 09 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

После само три месеци откако стана членка на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар Јаневски, поверќе нема да биде на таа позиција. 

За тоа извести компанијата преку ценовно чувствителна информација испратена до инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување: По Одлука од седница на Надзорен Одбор отповикани се двајца членови на Управниот одбор на Акционерско друштво за производство и промет на вино Винарска визба -Тиквеш експорт–импорт АД-Кавадарци и тоа Љупчо Крстевски и Драгана Јаневска“, се вели во кусата објава како ценовно чувствителна информација. 

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, во првата половина на април оваа година, двете деца на Светозар Јаневски, Драгана Јаневска и Јане Јаневски, станаа директори во успешната компанија која ја создаде овој познат бизнисмен, винарската визба „Тиквеш“.

Тоа беше објавено на Централниот регистер, а се наведе дека како одлука е донесено од Управниот одбор на компанијата на 29 март оваа година.

Па така, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар, која е магистер по сајнс маркетинг, стана членка на Одборот на директори на АД „Тиквеш“ Кавадарци, а исто така член во Одборот на директори стана и Јане Јаневски, еден од двата сина на Светозар, кој е дипломиран економист, како што е наведено во Централниот регистер.

Додека, пак, член на Управниот одбор тогаш престана да биде Џон Кирил Јоновски, со потекло од Австралија, кој своевремено имаше купено и одредена количина акции од оваа успешна компанија.

Мнозински и доминантен сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,8 отсто проценти од Тиквеш. Оваа компанија има и други акционери, но никој од нив нема пакет од над 5 отсто. Всушност, компанијата има уште 434 акционери домашни физички лица, кои вкупно поседуваат 14,32 отсто од акциите на визбата, и уште девет фирми акционери, кои располагаат со вкупно 6,36 проценти од акциите на компанијата.

Е сега, во М-6 ДОО, пак, доминантен сопственик е фирмата М-6 ЕДЕН ДОО, која поседува 92 отсто од М-6, додека преостанатите 8 отсто во М-6 ги поседува Милан Ивановски.

Додека, пак, М-6 ЕДЕН ДОО има тројца сопственици и сите тие поседуваат по една третина, односно по 33,33 проценти од акциите, а тоа се децата на бизнисменот Светозар Јаневски, односно Драгана Јаневска, Кирило Јаневски, и Јане Јаневски, како и Светозар Јаневски, за кого е наведено дека на друг начин остварува контрола на правното лице.

Н.Н.Ф.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

КИНА ВЕЌЕ НЕ Е ГЕРМАНСКИОТ НАЈГОЛЕМ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР - оваа земја ја замени минатата година

КИНА ВЕЌЕ НЕ Е ГЕРМАНСКИОТ НАЈГОЛЕМ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР - оваа земја ја замени минатата година

ЕСМ ОСТАНУВА ПОД ВЛАДАТА, МЕПСО ОДИ КАЈ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА - министерката Божиновска открива детали

ЕСМ ОСТАНУВА ПОД ВЛАДАТА, МЕПСО ОДИ КАЈ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА - министерката Божиновска открива детали

НА ХРВАТСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМ „ЗБОКТИСА“ ОД ВИСОКИТЕ ЦЕНИ: „Ајде на 24 јануари да не купуваме ништо, ама буквално ништо“

НА ХРВАТСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМ „ЗБОКТИСА“ ОД ВИСОКИТЕ ЦЕНИ: „Ајде на 24 јануари да не купуваме ништо, ама буквално ништо“

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ПОПУЛАРНИОТ ДИСКОНТ: Алди суд ги исфрла овие производи од својот асортиман

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ПОПУЛАРНИОТ ДИСКОНТ: Алди суд ги исфрла овие производи од својот асортиман

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: На потрошувачите јасно им се кажува „Не го користете овој производ“

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: На потрошувачите јасно им се кажува „Не го користете овој производ“

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута