ЌЕРКАТА НА БАКИР ИЗЕТБЕГОВИЌ СЕ РАЗВЕДУВА, А СВАДБАТА БЕШЕ ЛАНИ И ЧИНЕШЕ ЦЕЛО БОГАТСТВО: Гостин беше и Ердоган
Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2022 11:53
Jасмина Изетбеговиќ, ќерката на претседателот на Партијата
за демократска акција од Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, неодамна се
разведе од бизнисменот Ќамил Хумачкиќ, сопственик на ИТ компанија во Германија,
пишува Klix.ba.
Јасмина и Ќамил се венчаа минатата година во Сараево. Медиумите во БиХ нивната венчавка ја нарекоа „свадба на годината“.
Поранешните сопружници направија шеријатска венчавка во Гази Хусрев-беговата џамија, а потоа граѓанска венчавка и милионска веселба.
Венчавката се одржа во строга приватност, но медиумите за неа пишуваа со денови. Младенците и нивните родители беа целосно засенети од кумот на Јасмин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој на церемонијата пристигна со сопругата.
Се славеше во хотелот „Европа“ со 250 гости. Пред да влезат во салата, сите гости морале да ги остават мобилните телефони, додека поканите биле чипирани за да се заштити приватноста и безбедноста на младенците и гостите.
Вниманието на свадбата со неверојатна креација го украде мајката на Јасмин, Себија Изетбеговиќ, која се појави во розов фустан со златен украс од дизајнерката Мари Риналди.
Која е Јасмина?
Јасмина Изетбеговиќ е внука на покојниот претседател на Бих, Алија Изетбеговиќ кој јавноста го знае од 90-тите години и војната во поранешна Југославија. Тој, заедно со Фрањо Туџман и Слободан Милошевиќ е потписник на Дејтонскиот договор во 1995 година со што се стави крај крвопролевањата на Балканот.
Неговата внука е родена во Холандија, а дипломирала на училиште за графички дизајн во Сараево. Потоа го продолжила своето образование во Амстердам. Таа е сопственичка на агенцијата FabCat Creative која има милионски промет.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




