17 Мај, 2024
0.0426

ЌЕРКАТА И СИНОТ НА СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ, ДРАГАНА И ЈАНЕ, ВЛЕГУВААТ ВО БОРДОТ НА „ТИКВЕШ“ - еве кој си заминува, а кои се и другите промени

Објавено во: Економија 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Двете деца на Светозар Јаневски, Драгана Јаневска и Јане Јаневски, стануваат директори во успешната компанија која ја создаде овој познат бизнисмен, винарската визба „Тиквеш“.

Тоа е објавено на Централниот регистер, а се наведува дека како одлука е донесено од Управниот одбор на компанијата на 29 март оваа година.

Па така, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар, која е магистер по сајнс маркетинг, станува членка на Одборот на директори на АД „Тиквеш“ Кавадарци, а исто така член во Одборот на директори станува и Јане Јаневски, еден од двата сина на Светозар, кој е дипломиран економист, како што е наведено во Централниот регистер.

Додека, пак, член на Управниот одбор престанува да биде Џон Кирил Јоновски, со потекло од Австралија, кој своевремено имаше купено и одредена количина акции од оваа успешна компанија.

А, има и други промени во органите на управување и раководење на компанијата, согласно информациите од Централниот регистар.

Па така, новата директорка на компанијата, која пред неколку месеци беше поставена на челната позиција на винарската визба, Бранка Славеска, го презема менаџирањето, односно станува овластено лице на сите подружници на винарската визба, што се смета дека е всушност консолидацијата која уште пред извесен период ја најавија извори на Фактор. Па така, Славеска, која е дипломиран машински инженер и магистер по бизнис администрација, станува овластено лице на АД за производство и промет со вино ВВ „Тиквеш“ подружница Кавадарци, на стовариштето во Скопје, односно Гази Баба, на управата на компанијата во Скопје, на магацинот за готови производи во Кавадарци, на магацинот Ќојлија во Петровец, како и на продавниците на винарската визба во Скопје и во Кавадарци.

Додека, пак, Светозар Јаневски кој се досега беше на позицијата овластено лице на овие поддружници, повеќе нема да ја имаа таа фунција, и на негово место ќе биде Бранка Славеска, стои во Централниот регистер.

За нештата да станат појасни треба да се наведе дека мнозински и доминантен сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,8 отсто проценти од Тиквеш. Оваа компанија има и други акционери, но никој од нив нема пакет од над 5 отсто. Всушност, компанијата има уште 434 акционери домашни физички лица, кои вкупно поседуваат 14,32 отсто од акциите на визбата, и уште девет фирми акционери, кои располагаат со вкупно 6,36 проценти од акциите на компанијата.

Е сега, во М-6 ДОО, пак, доминантен сопственик е фирмата М-6 ЕДЕН ДОО, која поседува 92 отсто од М-6, додека преостанатите 8 отсто во М-6 ги поседува Милан Ивановски.

Додека, пак, М-6 ЕДЕН ДОО има тројца сопственици и сите тие поседуваат по една третина, односно по 33,33 проценти од акциите, а тоа се децата на бизнисменот Светозар Јаневски, односно Драгана Јаневска, Кирило Јаневски, и Јане Јаневски, како и Светозар Јаневски, за кого е наведено дека на друг начин остварува контрола на правното лице.

Инаку, на Берзата завчера беше објавено дека на вонредното акционерско собрание кое се одржа на 8 април, се усвоила одлуката на УО за пристапување кон долг, и тоа на прилично значајна сума од над 12 и пол милиони евра. Всушност, се дава согласност друштвото да пристапи кон три договори.Првиот е договор за одобрување на долгорочен кредит со својство на извршност од 26 јануари оваа година, на износ до 12,6 милиони евра. Вториот е договор за рефинансирање на побарувањата на банката кои датираат од крајот на март 2019 година, на износ од 6,93 милиони евра. И третиот е договор за одобрување на долгорочен кредит од крајот на декември 2019 година на износ од 120 илјади евра, склучени помеѓу Комерцијална банка и М6 ЕДЕН ДОО Скопје.

Како што веќе претходно пишувавме, нашите сознанија говорат дека всушност овој кредит го зема М-6 ЕДЕН ДОО, и тој субјект ќе ги враќа парите, но потребна е гаранцијата од Тиквеш како голема и моќна компанија. За тоа зошто е потребен овој заем, тогаш напишавме дека станува збор за некои консолидации кои треба да се направат внатре во компанијата, всушност консолидација на целата приказна околу Тиквеш.

Дали преземањето на Славеска како овластено лице на сите подружници на „Тиквеш“ е дел од таа консолидација, засега нема прецизни информации.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА