14 Декември, 2025
0.0374

„ЌЕ УМРЕМЕ БЕЗ ПОМОШ“: Олега Зеленска моли за помош

Објавено во: Свет 10 Декември, 2023 09:00

Добивај вести на Viber

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со новинарката на Би-Би-Си, Лаура Кунсберг, само еден ден откако републиканците во американскиот Сенат го блокираа пакетот помош за Украина, вреден нешто повеќе од 55 милијарди евра.

„Ако светот се повлече, ние ќе умреме“, рече таа во интервјуто, неколку часа по рускиот ракетен напад.

Белата куќа предупреди дека американските средства за Украина наскоро би можеле да истечат, но републиканците успеаја да се договорат за одобрување дополнителна помош.

Тие ќе го поддржат пакетот помош доколку постигнат договор со претседателот Бајден и демократите во Конгресот за зајакнување на безбедноста на границите, особено со Мексико.

Американскиот претседател Џозеф Бајден тврди дека неуспехот да се одобри пакетот помош за Украина би бил „подарок“ за рускиот претседател Владимир Путин.

Тој, исто така, предупреди дека историјата „остро ќе им суди на оние кои го свртеа грбот на каузата на слободата“.

Првата дама на Украина изрази сериозна загриженост за доцнењето на финансиската поддршка.

Во ексклузивното интервју Олена Зеленска изјави за Би-Би-Си дека забавувањето на помошта е „смртна опасност“ за нејзината земја.

„Навистина ни треба помош. Не можеме да се откажеме од оваа ситуација, бидејќи ако тоа се случи, ќе умреме. Ако светот се измори и се повлече, ќе умреме.

„За нас тоа е прашање на живот или смрт и затоа нè боли толку многу кога гледаме дека страсната подготвеност за помош може да избледи“, рече таа.

И Велика Британија ги повика политичарите во Вашингтон да договорат помош за Украина.

Дејвид Камерон, министерот за надворешни работи на Велика Британија, оваа недела за време на неговиот престој во Вашингтон рече дека САД се „бакарот“ на западната коалиција која ја поддржува борбата на Украина против Русија.

Тој ја повика Америка да не му дава на Путин „божиќен подарок“ со блокирање на финансиската поддршка за Украина, која е потребна за продолжување на војната против руските сили.

Сепак, односот на меѓународната заедница кон Украина е променет.

Киев не може да смета на целосна американска поддршка, иако основите на конфликтот не се променети.

Украина сè уште се бори со руските сили откако Кремљ започна инвазија пред речиси две години.

Киев го изненади светот кога неговите вооружени сили спречија освојување на земјата во февруари 2022 година

Многу западни земји ја поддржаа Украина.

Сепак, оваа земја не може да продолжи по истиот пат без богатство и поддршка од други земји, на што укажуваат и предупредувањата на првата дама на Украина.


Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина