27 Април, 2024
0.0297

Ќе светне ли Скопје? Колку чистачи ќе ангажира „Комунална хигиена“ за 1,5 милиони евра?

Објавено во: Економија 09 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Скопската Чистота т.е. „Комунална хигиена“ за една година ќе плати 1,55 милиони евра за привремени вработувања!!! За оваа услуга избраната агенција за привремени вработувања „Мотиви“ ќе заработи до 124.500 евра!

„Комунална хигиена“ ќе плати до 1,55 милиони евра за привремени вработувања во период од една година. Освен привремените вработувања ова јавно претпријатие задолжено за скопската чистота ќе плати до 124.500 за услугата за посредување што ќе ја добие за привремените вработувања од агенцијата „Мотиви“ која е специјализирана за привремени вработувања, пишува во договорот меѓу „Комунална хигиена“ и „Мотиви“ што е достаен на веб страницата на Бирото за јавни набавки.

Станува збор за отворена јавна набавка за деловен субјект што ќе пружи услуги за привремено вработување до износ од 1,55 милиони евра во период од една година. 

За сумата од 1,55 милиони евра бруто „Комунална хигиена“ може привремено да вработи околу 300 вработени лица. Тоа е речиси една третина од бројот на вработени лица во „Комунална хигиена„. Се спрема ли  генералка по која Скопје ќе блесне од чистота?

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавност еден ден пред објавувањето на овој текст достави прашања на три достапни мејл адреси на „Комунална хигиена“ во кои прашавме : колку лица планираат да вработат преку агенцијата за привремени вработувања, за која просечна плата ќе бидат ангажирани лицата, дали за овој потег на „Комунална хигиена“ имаат одобрение од градските власти и зошто за оваа услуга ангажираат Агенција за привремени вработувања и дали не е можно да ангажираат лица со договори за вработувања и во тој случај да ја избегнат провизијата од 124.500 евра ?

Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Што работи „Комунална хигиена“?

Бројот на вработени во „Комунална хигиена“ е 1.079 лица на крај на март годинава, пишува во нивниот квартале извештај. Компанијата располага со повеќе од 130 специјални комунални возила за собирање и транспортирање на комунален отпад  и за извршување на другите дејности  кои се во надлежност на претпријатието. Основната дејност е собирање и транспортирање на комуналниот отпад од контејнерите поставени на јавни сообраќајни површини, од пластичните канти лоцирани кај индивидуалните домаќнства и од корпите за отпадоци во градот Скопје. Се опслужуваат преку 140.000 домаќинства и десетици илјади стопански субјекти и институции од градските и од  руралните средини. Во депонијата „Дрисла“  годишно се транспортираат и депонираат  над 130 илјади тони комунален отпад. Освен ова претпријатието работи со селекција на пакување и отпад од пакување (пластика, хартија и лименки) во над 250 наменски мрежасти контејнери поставени на повеќе локации на подрачјето на Град Скопје и околу илјада сетови од по 4 наменски пластични канти лоцирани во јавни и образовни институции, а го управува и стационарот за згрижување на бездомни кучиња „Вардариште“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност