Добивај вести на Viber
Српските власти во понеделникот покренаа финансиска истрага и го уапсија еден од најмоќните бизнисмени во земјата, сопственикот на „Фармаком“ Мирослав Богиќевиќ. Тој заедно со уште шест лица е осомничен за финансиски малверзации и изречени му се 30 дена притвор.
Со оглед на тоа што е осомничен дека ја оштетил српската Привредна банка за 15,5 милиони евра, на Богиќевиќ наскоро му се заканува заплена на неговиот имот.
„Постојат индиции дека дел од имотот во негова приватна и и во сопственост на неговите компании не е стекнат на легален начин. Истражните органи се обидуваат да им влезат во трага на сметките во странство на кои се претпоставува дека има големи пари. За сега знаеме дека има повеќе станови во Белград, недвижности во странство, пред се во Монте Карло, скапоцени автомобили... Се знае дека има и приватен авион вреден 1,5 милиони евра“, изјавил извор на истрагата.
Паралелно се врши контрола и на имотот на „Фармаком“ и неколку други поврзани компании. Даночната управа на Србија во јуни на Богиќевиќ му го одзеде рудникот Зајача, а даночниот долг на милионерот кон државата кој се проценува на околу 300 милиони евра, веројатно исто така ќе се наплати преку заплена на имот.