17 Август, 2022
0.0275

ЌЕ СЕ УКИНАТ ДАНОЧНИТЕ ОСЛОБОДУВАЊА, ЌЕ СЕ РЕВИДИРААТ СТИМУЛАЦИИТЕ, ВО ИГРА И ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК - Финансии почна консултации со бизнисот за повисоки даноци од идната година

Објавено во: Финансии 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Се крчка зголемување на даноците кое би стартувало од почетокот на идната година. Но, засега за оваа голема работа, како што е воведување на повисоки даночни стапки, е објавено само на веб страната на Министерството за финансии, од каде информираа дека на оваа тема разговорите со бизнис заедницата се веќе започнати. 

Министерството за финансии информираше дека пристапиле кон редизајнирање на системот на оданочување во земјата. 

„Процесот на сеопфатни даночни реформи е во насока на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем што ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, а во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Предлог-концептот беше претставен од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими заедно со директорките на УЈП и на Царинската управа, Сања Лукаревска и Славица Кутиров, пред бизнис-заедницата. На средбата присуствуваа претставници на сите комори во земјава. Денеска почнуваме со јавна дебата за концептот на даночни реформи, кои, заедно со реформата во јавните финансии, ќе придонесат за поефективно и поефикасно прибирање на приходите во Буџетот, а потоа тие приходи, коишто се пари на граѓаните, на најефикасен и транспарентен начин да се искористат за обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните“, изјавил првиот финансиер Бесими.

Во прилог на потребата од повисоки даноци, Бесими рекол дека земјава има едно од најниските нивоа на учество на приходите од даноци и придонеси во БДП. 

Односно, во периодот од 2008 до 2020 година присутен бил значителен јаз меѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ земјите и кај нас. 

Имено, во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4 отсто во БДП на ЕУ-27, што е за 10,7 процентни поени над оствареното во Северна Македонија со 27,7 отсто. Овој јаз со текот на годините се продлабочува, со што во 2020 година изнесува 13,8 отсто.

„Концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход опфаќа предлог-законски решенија со кои се ревидираат преференцијалните даночни третмани што ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем. Понатаму, тие се во насока на зголемување на даночните приходи преку проширување на даночната основа и креирање фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии што поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација. Исто така, се поедноставуваат и осовременуваат законските текстови, се јакне транспарентноста и ефикасноста во спроведувањето на прописите од даночните обврзници и администрацијата“, истакнал Бесими.

Натаму, додал Бесими, концептот на реформата ќе се темелел на петте приоритети од Стратегијата за реформа на даночниот систем од 2021 до 2025 година. Тоа се: поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите и афирмирање на еколошката даночна политика. 

„Концептот, што е во нацрт верзија, е изработен низ транспарентен и инклузивен процес, врз основа на сеопфатни и длабински анализи на постојниот даночен систем и најдобрите европски практики. Исто така, при конципирањето на предложените решенија земени се предвид и препораките од меѓународните организации како ММФ, Светска банка, ОЕЦД и ЕУ. Инклузивниот пристап продолжува со претставување на концептот пред јавноста, за да се утврди прифатливо решение за сите страни“, велат од МФ.

Даночната реформа ги опфаќа данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите и еколошката даночна политика, а предвидените законски измени во најголем дел се планира да се применат од 1 јануари 2023 година.

„Предвидени се решенија што ќе придонесат за проширување на даночната база преку таргетирање на повластените даночни третмани т.е. даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност. Се предвидува ревидирање на даночните стимулации при што ќе се креира фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии што поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација. Во делот на ДДВ, промените се однесуваат на понатамошно зајакнување на основните принципи на системот на ДДВ, како и допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници. Во дебатата ќе биде опфатено и прашањето за данокот на личен доход во контекст на прогресивното оданочување и рамниот данок“, се вели во соопштението од Финансии објавено на нивната веб страница.

Се додава дека предложените решенија се однесуваат на потребата од обезбедување поголема вертикална и хоризонтална праведност на даночниот систем и проширување на даночната основа преку намалување на даночните расходи. Оваа реформа, исто така, ќе има позитивно влијание врз намалувањето на неформалната економија, односно нејзината формализација и сузбивањето на даночните затајувања ќе доведат до зголемени даночни приходи, поквалитетни услуги од институциите и поголема социјална сигурност на граѓаните, тврдат од Финансии.

Имплементацијата на реформата треба да води до зголемено учество на приходите во БДП, а тоа, пак, до поквалитетни услуги во јавниот сектор, подобра инфраструктура, образование, здравство, дигитализација и зелена транзиција, конкурентност на економијата и забрзан и одржлив економски раст.

Како што е познато, во земјава беше воведен прогресивен данок на личен доход, но потоа тој привремено се укина, со образложение дека ќе се прават нови аналчизи со цел да се воведе поиздржано даночно решение, што исто така се најави за од стартот на 2023 година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕ НИ ТРЕБА ТРИУМФАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК, ТУКУ ПРИФАТЛИВО ЗА СИТЕ - министерот Бесими не сака да дава мислење пред дебатата

НЕ НИ ТРЕБА ТРИУМФАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК, ТУКУ ПРИФАТЛИВО ЗА СИТЕ - министерот Бесими не сака да дава мислење пред дебатата

КАКО ДА СЕ ОДАНОЧИ НЕФОРМАЛНАТА Е-ТРГОВИЈА КОЈА СЕ ПОВЕЌЕ РАСТЕ - тоа ќе биде дел од даночната реформа, уверува министерот Бесими

КАКО ДА СЕ ОДАНОЧИ НЕФОРМАЛНАТА Е-ТРГОВИЈА КОЈА СЕ ПОВЕЌЕ РАСТЕ - тоа ќе биде дел од даночната реформа, уверува министерот Бесими

ПЛАТИ И НАД 55 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, СЕ БАРААТ ЕКОНОМИСТИ И ИНФОРМАТИЧАРИ - еве што треба да исполните ако сакате да работите во Народна банка

ПЛАТИ И НАД 55 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, СЕ БАРААТ ЕКОНОМИСТИ И ИНФОРМАТИЧАРИ - еве што треба да исполните ако сакате да работите во Народна банка

Аргентина ги зголемува каматните стапки на 69,5 отсто, инфлацијата достигна највисоко ниво во последните 20 години

Аргентина ги зголемува каматните стапки на 69,5 отсто, инфлацијата достигна највисоко ниво во последните 20 години

НЕМА НОВО ЗАТЕГНУВАЊЕ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА, основната каматна стапка останува на исто ниво

НЕМА НОВО ЗАТЕГНУВАЊЕ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА, основната каматна стапка останува на исто ниво

БЕСПЛАТЕН РУЧЕК ВО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА, ДАНОЧНИТЕ ПРОМЕНИ НЕ ГО ОПФАЌААТ ЕКСТРА ПРОФИТОТ, што друго ќе донесат најавените измени

БЕСПЛАТЕН РУЧЕК ВО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА, ДАНОЧНИТЕ ПРОМЕНИ НЕ ГО ОПФАЌААТ ЕКСТРА ПРОФИТОТ, што друго ќе донесат најавените измени

ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ СЕ КРЕНАА - во јули се зголемија за 80 милиони евра, сега се 3,2 милијарди

ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ СЕ КРЕНАА - во јули се зголемија за 80 милиони евра, сега се 3,2 милијарди

НЕКА РАЗМИСЛАТ ДВА ПАТИ ПРЕД ДА ЈА НАПРАВАТ И ОВАА БЕЉА - професорот Трајковски предупредува дека даночењето на каматите може да ги повлече штедните влогови

НЕКА РАЗМИСЛАТ ДВА ПАТИ ПРЕД ДА ЈА НАПРАВАТ И ОВАА БЕЉА - професорот Трајковски предупредува дека даночењето на каматите може да ги повлече штедните влогови

Бесими ќе собира 54 милиони евра, ќе се оданочуваат реинвестираните добивки и каматите од штедните влогови

Бесими ќе собира 54 милиони евра, ќе се оданочуваат реинвестираните добивки и каматите од штедните влогови