14 Декември, 2025
0.4163

ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ КОНЕЧНО ПОТРОШУВАЧИТЕ ОД „ЗАМКИТЕ“ НА ТРГОВЦИТЕ, новиот закон наскоро пред народните избраници

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Право на задоволување на основните потреби, достапност кон основните и нужни стоки и услуги, како храна, облека, обувки, домување, здравствена заштита, образование и хигиена, потоа право на безбедност, кое преставува заштита од стоките и услугите што се штетни за животот, здравјето, имотот или животната средина, како и од стоките чие поседување или употреба се забранети. Право на информираност, располагање со точни податоци и информации што се неопходни за разумен избор на понудените стоки и услуги, како и право на избор, според прифатливи цени и со соодветен квалитет.

Ова се само мал дел од одредбите во рамки на новиот предлог Закон за заштита на потрошувачите кои деновиве го најави министерот за економија, Крешник Бектеши. Законот наскоро треба да се најде во Собрание, каде што за него ќе дискутираат пратениците, а предлагачите бараат тој да биде разгледан по скратена постапка.

- Со овој закон се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите чија област на дејствување е остварувањето на целите на заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи, тела и други носители на заштитата на правата на потрошувачите, како и други прашања од значење за положбата и заштитата на правата на потрошувачите – се наведува во законското решение.

Главните цели на предлог законот се подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, како и обезбедување на потрошувачите со инструменти за брзо решавање на споровите, подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, како и зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите, на улогата на локалната и регионалната самоуправа во реализација на политиката за заштита на потрошувачите.

Законот предвидува право на правна заштита, а со посебен член е предвидено оти при примена  на одредбите на овој закон мора да се земе предвид положбата на потрошувачот како економски послаба страна, а особено положбата на ранливите потрошувачи.

- Овластени тела за заштита на колективни интереси и права на потрошувачите се здруженија, фондации, установи или други организации кои се основани согласно закон, кои во рамките на својата регистрирана дејност се занимаваат со заштита на правата на потрошувачите и имаат овластување за заштита на колективни интереси и права на потрошувачите согласно овој закон, при што можат да покренат постапка за заштита на колективни интереси и права на потрошувачите против физичко или правно лице кое со вршење на одредена дејност или воопшто со постапување или пропуштање потешко ги повредува или сериозно ги загрозува колективни интереси и права на потрошувачите – се наведува во законот.

Законот предвидува посебна точка - „Потрошувачкиот приговор“, со кој е утврдено секоја претставка или поплака со која што потрошувачот пријавува повреда на правата што ги има врз основа на овој закон, на друг пропис или на договор, кој го доставува до трговецот.

Исто така со законот е предвидено трговецот на потрошувачот да му ги даде, на јасен, видлив и читлив начин, преку амбалажа, приврзок, налепница, упатство, декларација, изјава, сертификат и/или на друг соодветен документ, целосни и корисни информации забелезите, квалитетот, начин на употреба и функционалноста на стоките или услугите. Исто така и за влијанието на одредени стоки или услуги врз животната средина и животот, здравјето и благосостојбата на луѓето, како и за мерките за заштита, согласно важечките прописи и стандарди и името или називот, географската адреса и другите податоци значајни за определување на идентитетот на трговецот.

- Трговецот е должен информациите на потрошувачот да му ги даде напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на  јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот – се наведува во законот.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото