09 Мај, 2024
0.0266

ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ЛИ ВОЗАЧИТЕ КОНЕЧНО ВО ПОНЕДЕЛНИК - цените на нафтата вчера силно паднаа

Објавено во: Економија 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата на светските берзи вчера повторно драматично падна, симнувајќи се доцна вечерта на нешто над 30 долари за барел на американската берза, како и 32,6 долари на Лондонската берза.

Ова следува откако завчера таа почна да расте и да се стабилизира по неодамнешниот драматичен пад пред само неколку дена, кога достигна 31 долар за барел, но таа стабилизација изгледа траеше кратко, ако се суди според најновото вчершно стрмоглаво одење во надолна линија.

Дали ваквиот драматичен пад на цената на црното злато ќе значи дека македонските возачи во понеделник, во целата оваа траорна атмосфера со коронавирусот, барем конечно ќе се израдуваат на значително намалени цени на горивата?

Како што е познато, во понеделникот оваа недела нашата Регулаторна комисија за енергетика ги намали цените на горивата за 3,42 проценти, односно по два денари за бензините и за по денар и половина за дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата.

По некои реакции кои се појавија дека тоа не е доволно, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски објасни дека регулаторите ги определуваат цените во секој понеделник, врз основа на случувањата на светските берзи во претходната недела. 

„Значи, во текот на минатата недела, се до четвртокот, цените на нафтата беа стабилни. Всушност, големото намалување се случи во петокот, и тоа секако е вклучено во нашата најнова одлука за одредување на цените. Или, конкретно, доколку не се случеше намалувањето во петокот, цените на горивата ќе се намалеа само по половина денар, но поради тоа намалување, цените беа намалени за два денари кај бензините, и за денар и половина кај дизелот и екстралесното масло за домаќинствата“, објасни Бислимовски.

Според него, наредната одлука за цената на горивата РКЕ ќе ја носи во понеделник, на 16 март, и во неа ќе бидат земени предвид движењата на цените на светските берзи во текот на оваа недела, што значи дека тие ќе се ефектуираат во новите цени. 

„Какви ќе бидат новите цени во понеделник, ќе зависи од тоа како се движат цените на светските берзи оваа недела“, рече Бислимовски.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните