14 Декември, 2025
0.0301

Ќе се одржи меѓународен семинар „Што е ново на пазарите на електрична енергија во земјите на Југоисточна Европа“

Објавено во: Економија 25 Септември, 2019 15:58

Добивај вести на Viber

Прогнози и очекувања за развојот на македонскиот пазар на електрична енергија, негова интеграција во регионалниот пазар, новите трендови во Југоисточна Европа,  искуствата на земјите од регионот во развојот и интеграцијата на пазарите на електрична енергија, се темите на меѓународниот семинар на кој ќе земат учество претставници на МЕПСО, на Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО, ЕВН, РКЕ, претставници на берзите за електрична енергија од Словенија, Бугарија и Грција, претставници на албанскиот електропреносен систем оператор ОСТ, менаџери и претставници на компании за тргување и снабдување со електрична енергија од земјава и од соседството.

Семинарот со работен наслов „Што е ново на пазарите на електрична енергија во земјите на Југоисточна Европа“ ќе го отвори м-р Ева Шуклева, генералната директорка на МЕПСО. Претставници на МЕПСО и на МЕМО  ќе презентираат за состојбите на нашиот пазар на електрична енергија, предизвиците со формирањето на организиран пазар на принцип „тргување ден пред испорака на електрична енергија“ популарно наречената берза, балансната одговорност и пазарот на балансна енергија кој е во зародиш. Свои обраќања ќе имаат претставници на РКЕ за регулативата, на Енергетската заедница од Виена за дерегулацијата и интеграцијата на пазарите од земјите на Западен Балкан. Од аспект на трговија на електрична енергија  своите искуства ќе ги споделат претставници на три берзи од регионот: БСП од Словенија, ИБЕКС од Бугарија и ХеПекс од Грција.

Настанот е во организација на реномирната новинска агенција специјализирана за енергетика „Енергетика.НЕТ“ од Словенија, членка на групацијата „Монтел“ најголемиот европски новински сервис специјализиран за енергетските сектори. Програмата е достапна на следниот линк

https://www.energetika.net/eu/events/announcements/entrading-seminar#tab_programme

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година