Ќе се менува ДДВ, 0 проценти персоналец за ИТ, нов данок на луксуз
Објавено во: Економија 26 Август, 2020 19:43
Данокот на добивка останува на ниво од 10 проценти во целиот период од 2020 до 2024 година, а предвидено е ослободување од овој данок при реинвестирање на добивката во 2021 како одговор на влијанието на ефектот од ковид пандемијата. Ова стои во програмата за работа на Владата што денеска во Собранието ја достави мандатарот Зоран Заев. Во програмата се предвидува персоналниот данок на доход да се намали на 0 проценти во 2023 година за ИТ индустријата и тоа скалесто - 5 проценти во 2021, 3 проценти во 2022 и 0 проценти во 2023. Данокот на личен доход останува на 10 отсто, но во програмата пишува дека Владата нема да се откаже од воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот.
„Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална анализа и јавна дебата, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз, стои во програмата
Владата предвидува реконфигурација на ДДВ преку воведување на нов Закон за данок на додадена вредност преку кој ќе се овозможат даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани на тој начин што при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз. На тој начин тие ќе бидат поконкуретни и ќе располагаат со значително повисоки парични средства;
- Ќе се воведе единствена стапка од 10 отсто ДДВ за сите ресторантски услуги;
- Ревидирање на стапките на данок на додадена вредност за суровините за домашните производители и намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании
- Намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги;
- Подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.
Владата ќе го продолжи „Мoj ДДВ“ и ќе го зголеми лимитот по поединец на 2.300 денари за тромесечие и 9.200 денари годишно, односно на 36800 денари за просечно четиричлено семејство.
Владата ќе воведе нов данок на промет при уплата на игрите на среќа –во висина на 4% од бруто уплатената вредност. Истиот ќе го плаќаат организаторите на игрите на среќа, а нема да се трансферира на корисниците. Овие средства ќе бидат наменети за поддршка на растот, развојот и општествената одговорност. Воедно, Владата ќе предложи закон за забрана на отворање казина и игри на среќа во близина на училишта, градинки и верски објекти.
A.T.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




